Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиски монопол – македонистички модел

0
By Marija Todorovska on September 10, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Она што може да се чини како “сила” под превезот на “обединување”, во случајот на партискиот живот кај нас, кој се движи на тенката линија помеѓу квази-демократскиот и чисто автократскиот пристап, се покажува само како совршена алатка за контрола.

Никица Корубин

Додека го чекаме исходот од “мртвата трка” уставни измени-дестабилизација (во било кој редослед и комбинација и причински-последична врска); јавноста се занимава со спорадични нафрлени теми: доза албанофобија, доза бугарофобија, доза фобија сама по себе. Спакувани во флоскули и фрази за “идентитетот”, “историскиот наратив” и “националното единство”.
Иако, до сега за ниту една од овие фрази не е дадена ни површна дефиниција, а не па содржина; нивното масовно присуство во јавниот дискурс, го покажува размерот на судирот од почетокот на текстот. Судир кој е егзистенцијален за нас како граѓани, граѓанско и демократско општество и функционална држава.
И во сенката на тој, појавно невидлив, а всушност сеприсутен судир, се одвиваат сите останати политички процеси, кои во нашиот случај, строго и наменски се држат во партиската матрица, наметнувајќи го партократскиот модел.
Јавно и јасно видлив е само оној на (само)инсистирањето на поединечните партии и политички чинители, кои ја сочинуваат коалицијата ВЛЕН да се формализираат во една партија; а далеку од “ јавноста и јасноста” тоа неформализирано “обединување”, кое може да го квалификуваме и како “претопување” одамна е пракса во македонскиот дел од партиско/партократскиот спектар.
Од практична страна, за контрола на сите идеолошки правци (либерални, зелени, центар/лево, центар/десно, етничка претставеност) под капата на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ сеедно; а од суштинска страна за контрола на иманентноста на политиката како креатор на тековите и настаните.
Целосна контрола на “заробената држава” од која не се изземени ниту двете “мастер” партии, до степен на нивно меѓусебно идеолошко претопување во моментов: хипотетички, дали сме сигурни дека денес, суштински и содржински, на власт е идеологијата на десничарската про-ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ или тоа е само името што го носат; а содржината, севкупно во македонскиот позициско/опозициски блок е брутално вратена на почетокот на нашата независност во 90-те, временски блиску до параванот на југоносталгијата, (па ова ВМРО повеќе потсеќа на тогашното СДСМ), и која вака вештачки “франкештајновски” телепортирана (треба да) има сосема друга намена 30-тина години подоцна?
Оттаму нејасно е зошто ВЛЕН инсистира на примена на “македонистичкиот модел” во политиката, односно на супституирање и претопување, на различни партиски субјекти кои со себе повлекуваат и различен пристап и идеја, под “една капа”, која секако порано или подоцна ќе биде монополизирана. Од кого и како е битно, но не и клучно во моментов.
Она што може да се чини како “сила” под превезот на “обединување”, во случајот на партискиот живот кај нас, кој се движи на тенката линија помеѓу квази-демократскиот и чисто автократскиот пристап, се покажува само како совршена алатка за контрола. Што не’ води до прашањето, кому треба контролата, не нужно врз ВЛЕН, туку преку ВЛЕН, врз албанската суштинска претставеност, во највисоките институции на власта?
Што не’ враќа на почетокот. И на “мртвата трка” која е во тек, а која ќе го одреди и текот на државата. А, на која ВЛЕН, не како параван за криење, туку како поединечни партии и политички индивидуалци, на кои им е дадена доверба, мора да одговори јасно и без одлагање на прашањето: кога ќе се пристапи кон уставните измени, како меѓународна обврска на државата, за стратешко членство во ЕУ, која ја управуваат и претставуваат? Без лажниот “македонистички” модел, било во политиката, било во наследениот и наменски историски наратив.
Истото се очекува и од нивните партнери во власта, со различни имиња, а по стратешките и суштински прашања, како од “калапот” на 90-те произлезени. Дали вреди истото прашање да се постави и до македонската опозиција, не е прашање на нивна елементарна пристојност, како декларативни европски предводници од позиција на власт, туку прашање на нивен опстанок.
Само ДУИ е осамен и изземен од овие прашања, поради нивната гласност и јасност во однос на клучното прашање: европските интеграции. Декларативна или не, е прашање и на политичка умешност. И само тие се означени како (потенцијални) дестабилизатори.
Логиката е опасно видлива работа во политиката и животот. Води директно во сржта на проблемот. “Проблемот” кој внимателно се креира. Оттаму “проблемот за дестабилизација”, всушност не’ води до “проблемот на уставните измени”, односно обидот за нивно избегнување и пролонгирање. Што само по себе, во ваков регионален и гео-политички контекст, е дестабилизирачки фактор.
А, како и за кого, најсилната точка на единственото вистинско национално единство, со почитување на правата на сите граѓани, во нормално и функционално општество: членството во ЕУ може да биде “проблем”? Тоа е прашање кое секој треба да си го постави самиот на себе, додека ја следи и (не)свесно учествува во “мртвата трка”: дестабилизација или уставни измени?
Уставните измени водат кон извесност, стабилност, систем и правила. Каде води дестабилизацијата? Кон или пред 90-тите? И кој е тој што би го избрал лошото, наместо доброто?
Од фејсбук ѕидот на авторката
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

ВЕСТИ October 16, 2025

Главната расправа за кривично-правниот предмет К.бр. 1872/25, поврзан со страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во…

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

October 15, 2025

Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

October 15, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.