Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиски злоупотреби и криминални индиции-викенд фокус на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

0
By Marija Todorovska on August 5, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Б. Ј 

Злоупотребите и криминалните индиции беа главниот викенд фокус на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Први со обвинувања започнаа ВМОР-ДПМНЕ, па и премиерот Христијан Мицкоски, преку интервјуто за „Фокус“.

Мицкоски посочи дека постојат индиции, но и докази за криминал и злоупотреби на големи суми пари во институции од СДСМ и од ДУИ.

Освен, недостатокот, како што објасни, недостаток од 80 милиони евра за исплата на редовни пензии,  недостаток од 8 милиони евра во „Национални шуми“; Мицкоски го спомна и реализирањето на Коридор 8 и 10-Д, проектот за градење пруга кон Бугарија.

„Ако правите проект од капитално значење, како што е пругата кон Бугарија, и ако тој проект ви завршува во мртва улица или на половина тунел, без да има извесност како понатаму би се развивал. И ако за тој проект треба да потрошите 560 милиони евра, од кои 360 милиони евра се пари на македонските даночни обврзници, а 200 милиони евра грант или пари на европските даночни обврзници, по принципот на Ред ФИДИК. А секој инженер кој работи со Ред или Црвен ФИДИК знае дека тој проект преку пенали може да порасне и до 750-800 милиони евра. Ако потрошите половина милијарда евра народни пари за 24 километри, 22 тунели да направите, да влезете во Крива Паланка и да урнете 20 куќи и 20 семејства да ги иселите, и да завршите во мртва улица, односно на половина тунел, не е нормално“, изјави Мицкоски.

СДСМ реплицираа на прес-конференциите и соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на проектот за изградба на пругата кон Бугарија, велејќи дека сакаат да прикажат некаков си криминал од проект кој е под целосна контрола на ЕУ.

„Откако сфатија дека не можат да ги пренаменат парите, а уште повеќе дека проектот е под целосен надзор и контрола на ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ сака да прикаже некаков криминал и залудно потрошени пари. Им порачуваме слободно нека го истражат случајот наместо да праќаат јалови соопштенија и ќе треба да ја истражуваат ЕУ и нивните проекти тука. ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека нема ниту криминал ниту залудно потрошени пари во тој проект. Маката нивна е што не може тие во таков проект да црпнат од медот, затоа што тие проекти се меѓународно надгледувани и тука простор за нивните рачиња нема.  Што се однесува до лагата наречена „пругата завршува во тунел“ и затоа не треба да се гради, тоа е само јалов обид да се прикаже проектот како лошо направен. Напротив, проектот оди во фази бидејќи се потпишани меморандуми за изградба до 2030 година со што ќе се проектира целата траса за спојување во Бугарија“, одговорија од СДСМ.

ВМРО-НП, следејќи ги дискусиите мешу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Коридор 8, потсети дека главен политички носител на тој проект беше токму ВМРО со свој потпис во 2002 година.

Со оглед дека обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ, беа повеќекратни, СДСМ реагираше дека нивните замајувања на јавноста со индиции за криминал на претходната власт, без докази, е лов на вештерки и е потсмев на некој кој што не е веќе во опозиција тука е на власт.

„На Мицкоски имаме да му порачаме само едно: Ако имате докази, изнесете ги. Фактите нека зборуваат сами за себе на суд и секој кој се огрешил нека одговара. Толку е едноставно. Дотогаш, вашата шуплива реторика служи само за да го одвлече вниманието од клучните прашања кои ги засегаат граѓаните. Теми и проблеми на кои вие потфрливте за само еден месец. Граѓаните заслужуваат влада која работи за нив, а вие потфрливте толку силно што и вашите поддржувачи се во шок и ова добро го знаете“, велат од СДСМ.

Дополнително, СДСМ денеска посочи дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ досега е само театар од обвинувања за да се прикријата скандалите со луксузирања, неспособноста да се справи со пожарите, газењето по работниците и нивните плати, задолжувањето на крајно сомниелен начин, криминалот со подароци од стотици илјади евра.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ; пак, на прес-конференција, преку пример посочи на  луксузирањата на СДСМ и ДУИ преку министерот за јавна администрација, Наим Бајрами, кој за 4 месеци потрошил 231.729 денари од службена картичка за јадење и пиење по кафеани, со најава за обелоденување каде сè завршиле тие пари.

Презмено: Цивил Медиа 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.