Влезот на Северна Македонија во ЕУ е тема на состанокот на лидерите од владината коалиција во Бугарија.
Лидерите на партиите членки на бугарската владина коалиција вечерва одржуваат средба во Софија на која главна тема влезот на Северна Македонија во Европската Унија, објави софиски „24 Часа“, повикувајќи се на извори во Владата на Бугарија и на претставници на дел од коалициските партнери.
Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера по средбата во Софија со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и колегите од Романија и Црна Гора, Николае Чука и Здравко Кривокапиќ, изјави дека Северна Македонија има место во европското семејство и тоа мора да се случи што е можно поскоро.
„Ние како Влада сме посветени да го постигнеме тоа, но има прашања кои треба да се разјаснат, вклучително и малцинските права“, рече Петков на заедничката прес-конференција на четворицата премиери.
(Извор: МИА)