Крф: Две лица се повредени на летот од Грција за Лондон, откако бил погоден од силни турбуленции, поради што пилотите принудно слетале.
Набргу по полетувањето, по големи турбуленции, авионот принудно слета на аеродромот Фиумичино во Рим.
Повредени се и двајца членови на екипажот додека се подготвувале да послужат храна.
Портпаролот на EasyJet изјави дека на летот на 19 август имаше турбуленции. За жал, двајца членови на кабинскиот екипаж беа повредени. Како резултат на тоа, пилотот одлучи да го пренасочи летот во Рим, каде што стјуардесите добија лекарска помош.