Имајќи ја предвид нашата длабока политичка поларизација, мали се шансите некој политички субјект да може да собере две – третини од парламентарното мнозинство за да ги поддржи промените на Уставот за вклучување на Бугарите, вели претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во интервјуто за „Етнос.гр“.
За францускиот предлог ги објаснува следните чекори што би следеле на патот кон ЕУ.
„Веќе го нареков како еден вид транзиционен компромис со една вродена блокада на патот. Имено, ќе ги отвориме преговорите, а тоа е најголемата придобивка од модифицираниот француски предлог, започнување на преговорите по 17 години чекање. Но, по скрининг- процесот, постои еден предуслов за продолжување на преговорите, а тоа е измена на Уставот за да се вклучат Бугарите во него. Имајќи ја предвид нашата длабока политичка поларизација, мали се шансите некој политички субјект да може да собере две третини од парламентарното мнозинство за да ги поддржи промените, вели претседателот.