Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Сјајна промоција на програмата и категоричен растур на лажните патриоти

0
By Zoran Ivanov on April 3, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Фејзбук Пишува: Бранко Тричковски

Вечерва бев на мојата прва конвенција.

Конвенцијата беше на Стево Пендаровски, но тоа беше прва конвенција на која сум присуствувал. И затоа мислам дека не е грешка кога велам дека бев на мојата прва конвенција. Со оглед на годините, можеби успеав да ја фатам последната шанса да видам како изгледа промоцијата на еден претседателски кандидат.

И што?!

Тоа беше политичка манифестација на македонската граѓанскост, пристојност и култура. Општа и почитичка култура, таму кај што во светските анкети стоиме најлошо. Манифестација која успеа да ги обедини во себе сите критериуми на добрата организација, на убавата, минималистичка, би рекол сценска постановка, на добрата режија, со добри видео инсерти…

Со добриот избор на говорници, со финото темпо, односно димамика на случувањата, вклучително со феноменално одбраните и претставени музички интермеца со Тијана Тодевска…Со виртуозното тапанско шоу на почетокот…

И неверојатната интерпратација на националната химна на Весна Гиновска Илкова за време на која не успеав, признавам, да ги задржам сите солзи во очите затоа што дамата ме вивна во облаците на достоинството и гордоста, мене, човекот кој мислеше дека тие жички во нервниот систем му се пресушени.

Потоа го слушав Димитар Ковачевски во еден категоричен и непоколеблив говор за европските перспективи како безалтернативно прашање, за решеноста до 2028 година да станеме членка на Европската унија…

Па следеше рокерски продуховеното излагање на Ристо Вртев, но емотивно ме растури говорот на Рамадан Рамадани и низ интонацијата и низ елаборацијата на Стево како човек на сите, како наш човек, на граѓаните и селаните на Албанците и на Македонците и на другите народи, со формулации на примери и сличувања од работата на Стево кои ми го разиграа сиот емотивен свет и тука пак дојде до израз мојата сентиментална природа: ме издаде една солза. Можеби беа и две или три.

Несеин Таир од Турската драма беше неверојатно мила и во ликот и во говорот и во тонот и во пораките. Сопругата на Стево, Елизабета Георгиевска, убаво, без патетика говореше за своите обврски одноно за интересот својот фамилијарен статус да го збогати со хуманитарни и културни ангажмани и за работата на претседателот погледнат од внатре.

И на крајот дојде претседателскиот кандидат.

Мислам, јас не би му напишал подобар говор. Многу ретко се случува мене да ме импресионира македонски политичар со еден говор. Се сеќавам дека и вториот пример е од Пендаровски, во настапат по повод годишнината од руската агресија врз Украина. Вечерва тоа беше решителна, бескомпромисна, јасна дефиниција на сопствената политичка доктрина во изминатиот период и на истата платформа во пероодот кој следи, значи за Европа и за меѓуетничката толеранција и соживот како две клучни вертикали на македонскиот опстој и перспективи, нешто сосема разлилчно од тоа што го застапува вмро и нивната кандидатка, за граѓаните, за исправање на грешките, особено во однос на главната парока на најголемата мирновременска револуцика (правда и мир од Шарената револуција) и таков растур на политичките штеточини кои триесет години се камуфлираат во патриоти и малку потешко се камуфлираат како лопови кои се борат против корупцијата нешто што досега не се слушаше од почитичарите на левицата.

Така што навистина ми остави силен вчечаток.

Што да кажам за крај, драги пријатели?

Ова што вечерва се случи покажа дека имаме една опција со содржина, со програма, со резултати на таа генерална линија, се разбира со слабости кои се освестени, а на другата страна не што немаме политичка алтернатива туку имаме движење кое е чиста, континуирана, односно систематска агресија врз општеството, врз неговите културни и морални, па и социјални лигаменти, врз неговата културна и историска основа, тие се движење со

опасни намери и така треба са се третираат.

Поздрави до Пендаровски и неговата екипа, до СДСМ и Коалицијата за Европсска Македонија, до сите организатори до

присутните и до сите граѓани што ќе гласаат за европскост, значи за модерност, нормалност, култура и пристојност, човчност.

Тоа е! Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.