Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Песничката на Гордана

0
By Zoran Ivanov on September 22, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сигурно се дразнела Нашата претседателка, со “Инвокацијата на Венера” барајќи во своето тенеќе како да нѐ полази со агресорската, диктаторска, туѓа пропаганда, да се покаже пред светот како го цени мирот, но исклучиво оној мир во кој првиот Марсовец е победник во војната.

Емилија Целакоска

Настрана смешноста на песничката на Гордана, го знаеме тој тип уште од мали нозе: Преамбициозни за сѐ, но не и со дар за сѐ. Дури и не им е право што е невозможно да се има дар за сѐ. Таа претерана амбиција ги мами да ставаат преправање на местото кадешто припаѓаат многу чесни обиди кон логичноста, уметноста, творештвото…

Нејќат ни во меѓувреме да бидат „донекаде” чесно обидувајќи се, туку во секој момент, од првиот уште, веќе да го освоиле највисокиот ореол, круната на науката, на уметноста, на креацијата, од самиот почеток. И тоа, божемното освоено, кое никако не дознава за себе дека е тенеќе, им останува и во зрелото доба, не мрда, го гали својот сопственик, наместо да му го удри стапот на расудувањето од други чевли, да го спотера кон скромност, барем во обид.

Таа жена е божица во своите очи, која „единствено” се покорува на избрани машки богови, а на кои им е потребно таа да си се види како божица. А ние, другите кондури во кои одамна морала да се стави и низ нив да погледне, ние сме опинци во очите на Венера. Патем, со ова песниче, нѐ положува како месо во очите на агресорот на 21-виот век, истиот кој таа тотално, комплетно, без ни најмало дупче од сомнеж не го разбира. Ние, на кои ни ја презентира својата песничка, не сме ѝ до колена во нејзините очи, оти не можеме ни да знаеме, а камоли да го цениме нејзиното полевање со нектар на Тит Лукретиј Кар, на пример, и искористување на Катјуша во која јаболката ѝ се „јаблани”! Сериозно е убедена во тоа, доволно за вака да нѐ лупи.

Сигурно се дразнела Нашата претседателка, со “Инвокацијата на Венера” барајќи во своето тенеќе како да нѐ полази со агресорската, диктаторска, туѓа пропаганда, да се покаже пред светот како го цени мирот, но исклучиво оној мир во кој првиот Марсовец е победник во војната.

Потоа, сериозно ли квалификатив на „воената индустрија” ѝ е само „бесплодна”? Како може, макар и во анулирана форма, плодноста да биде придавка за било што од војната? Но првиот Марсовец, а и целата оска Марсовци може да се налутат, ако случајно им тресне искрено в лице дека се зло, уништувачи, грозоти на светов и веков! Каква „бесплодност”, какви цветови ма?!

Неискреност тенеќена, а не можевме да не ја чуеме таа недушевност, премногу идиотско до смејурија го изрОботила тој колаж. Дали, откако се изглупира, барем сфати дека од експериментот извадила лижавче од цијанид, смоки од арсеник?

Сигурно има слични мотиви како „Инвокацијата на Венера” за комплементарноста на машкиот и женскиот принцип, но нему во нејзината песничка божем против војна, воопшто не му е место!

„….о, сласт ти на богови и луѓе

Венеро блага,” …

„…правиш низ векови секој род да се размножува желно,

зашто в природата секогаш ти управуваш сама…” …

„…дај му в меѓувреме ѕвекот од војни да стивне

и да се смири низ сите мориња и сите земји.

Ти единствена можеш да донесеш мир и спокој.

И воинствениот Марс, кој управува с жестоки војни

в скут твој често се фрла од вечна љубовна рана…” …

„…тогаш, ти божице,

с твоето свето загрни го тело,

слатки зборувај му зборој и побарај од него, славна,

милостив мир …”

Малку искомбинирала со книгата од 90-тите, дека жените се од Венера, а мажите се од Марс, малку со познатата Катјуша од Втората Светска војна и, оп, излегува паризерот од другата страна: Марсовците напаѓаат! А може и малку да прилегнеме со Путин, Трамп, Орбан, тоа би било баш интелектуално „работење”.

Божицата таа, малку криејќи ја нескромноста со множината „ние”, реже на половина и што не се реже: Мажи паднати од Марс, мажи прават војни, мешајќи ги мажите без никаква врска со тоа, а жени како неа, додуша, финиот „род од Венера” што им „укажуваат”, замислете, на Марсовците како на деца, да не туку се тепаат таму. На 1000 километри од тука, во 21-век, има конкретен агресор, кој прв нападнал цивилна инфраструктура на модерна држава, а таа се глупира со комбинации на Марс/Венера и руски песни од пред Втората Светска војна.

Гледам наставничка која пофалува еден одличен состав, надевајќи се на развој, но девојчето ја заштедува понатаму сета енергија да не прави никогаш потоа чесни обиди за уметност, ни за логика. Постигнала сѐ отсекогаш, засекогаш. А таа енергија застоила за да се гледа себеси како вишо суштество, која, додуша, во пензионерските денови се задоволува и со претседателка на таму некојаси безимена, беззнамена збирштина, толку колку што ѝ чини да види.

Од Фејзбук ѕидот на авторката

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.