Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пиљарската логика на ВМРО ДПМНЕ

0
By Zoran Ivanov on July 12, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ѓорѓи Спасов

Кога пиљарот на пазарот кој продава веќе расипана стока ќе почне да ве убедува дека стоката не е лоша и расипана туку вие сте расипан, лажго , пијан и тоа ви се познава по носот, тоа е познато како пиљарска логика.

Тоа е познат начин на одбрана од критика кога немате ниту еден аргумент со кој можете да ја побиете аргументираната критика заснована на факти, па користете дискредитација,

и омаловажување на оној што ви ја упатил критиката.

Најчестиот модел е во стилот; со кое право тој мене може да ме критикува, кој е тој мене да ми кажува и како може некој криминалец мене да ми кажува дека сум арамија.

Со личен напад врз личноста или партијата што критикува, критикуваниот се обидува критиката да ја направи неважна, дека таа доаѓа од сомнителен извор на кој не треба да му се верува и дека тој и не заслужува да му се одговара со аргументи.

Токму таа логика ја употребува секојдневно ВМРО ДПМНЕ во одбрана од било која критика на нивна сметка.

Последен пример е соопштението на партијата со кое реагираат на критиката од страна на СДСМ за најавата дека ќе биде земен кредит од Унгарија во висина од 500 милиони евра со каматна стапка од 3.25% грејс период од 3 години и отплата во рок од 12 години.

Беа јавно и љубезни прашани од страна на СДСМ, зошто тоа се прави и се објавува како добра зделка, кога е познато дека Македонија веќе користи кредити од Меѓународната банка за развој со камата од 1.5 % и сличен грејс период и период за отплата. Зошто таква зделка се договара во четири очи а не се зема кредит низ стандардна процедура, дали со кредитот превземаме или плаќаме и некоја друга обврска кон Унгарија и како на такви зделки ќе реагираат меѓународните финансиски институции, како Светска банка и Меѓународната банка за развој, со кои имаме склучено договори и кои не финансираат.

Во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на овие прашања нема ниту еден аргумент за тоа тоа зошто тие го сметаат земањето кредит под тие услови од Унгарија за добра зделка, но има цела низа обвинувања на сметка на критичарите според пиљарската логика.

Во нивното соопштение по повод оваа критика од СДСМ стои: “ВМРО ДПМНЕ со индигнација ги отфрла критиките од криминалната организација предводена од неврохирургот Филипче кој Заеви го поставија на чело на партијата”.

И нема одговор на прашањата

Продолжуваат во тој стил, со истурање грст навреди, клетви и закани кон критичарот, сметајќи дека со тоа си ја завршиле работата.

Сметаат дека со перманентно дискредитирање на изворот и субјектот на критиката, на неа не се ниту должни да одговараат и ќе можат уште долго и среќно да си владеат , како во минатото, со својата пиљарска логика и со подршка на медиумите што ги подржуваат.

И можеби ќе можат. Еднаш веќе тоа го докажаа кога според слободата на медиумите Македонија спадна на 123. место во светот, а на сите тие медиуми ништо не им недостигаше.Само, нека не не убедуваат дека се нов тим,дека нешто промениле или нешто научиле.

Веќе ги влошија односите со Бугарија и Грција а на пат се да ги влошат и односите со меѓународните финансиски институции.Им останува да се држат цврсто само за Србија, Унгарија и Кина.

(Од Фејзбук ѕидот на авторот)

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.