Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Планот на Хан како предизвик за европската вокација на Македонија

0
By Борјан Јовановски on June 2, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија е пред историска шанса после 25 години партократија и неокомунизам да застане на нозе како демократско општество на кое ќе му приличи атрибутот европско. Ист ваков предизвик стои и пред ЕУ која во случајот на Македонија по сите технократски грешки има шанса да го поврати нокаутираниот кредибилитет на процесот на проширувањето и неговата трансформациска моќ изгубена во лавиринтот на бриселските институции.
Заев и Груевски заедно со Тачи и Ахмети денеска ќе бидат соочени со список на прецизно дефинирани задачи чија цел е имплементацијата на eвропските вредности во македонското општество. Нивната декларативна заложба која досега имаше единствено цел да лови гласови во партиските мрежи ќе треба да се покаже на дело.

Хан е во Скопје со група на експерти и со нивна помош ќе понуди конкретни решенија за механизми кои ќе обезбедат функционирање на:

-независен обвинител
-јавен радио телевизиски сервис
-собраниски надзор врз работата на државните институции
-изборен систем
-антикорупциски политики
-независноста на судскиот систем
-контрола на буџетските средства

Списокот содржи и други системски препораки кои произлегуваат од забелешките кои со години се повторуваат во годишните извештаи на ЕК во поглавјата 23 и 24 и се однесуваат на владеењето на правото и фундаменталните права. Врз база на денешните разговори експертскиот тим на Хан во наредните недели ќе предложи конкретни мерки за имплементација на европските стандарди во овие клучни области.

Се разбира ова е лесниот дел од денешниот тек на разговорите бидејќи нема дилема дека Груевски, Заев, Ахмети и Тачи без поговор ќе се согласат по овие прашања. Потоа следи суштинското прашање. Кои е како ќе ја гарантира имплементацијата на тие препораки.
Груевски ќе бара да се заштити “демократијата” и неговото право како “демократски избран” премиер да продолжи да биде одговорен за овој процес. Од другата страна ќе биде Заев кои ќе бара преодна влада (политичка или техничка)

Прашањето кое ќе го постави Хан до двајцата е која од овие опции гарантира дека во Македонија конечно ќе се воведат правилата на владеењето на правото кој се единственото можно решени за излез од кризата и конечното отворање на европскиот пат за Македонија.
Аргументот на Груевски дека е избран демократски одамна е веќе дигнат во воздух од бомбите на Заев. Неговите обиди за мејк ап на постоечката владина гарнитура како оној во МВР се дневно политички потег осуден на пропаст во самиот старт. Груевски помогнат од Ахмети немаат никаква шанса да добијат европски амин како гаранти на процесот на имплементацијата на европските вредности кој денеска ќе го предложи Хан на зелената маса.

Од друга страна Заев ќе ја бара преодната влада во која ќе кооптира свои луѓе. Ова решение е можно како што се случи и во 2001 година кога за возврат на отстапката еден важен меѓународен фактор му обезбеди амнестија на Љупчо Георгиевски за општо познатите сомнителни зделки. Шарената (политичка или техничка) влада има голем ризик дека ќе личи на “рогови во вреќа” која енергијата ќе ја троши на внатрешните судири , надитрувања и сопки а секако на штета на договорените принципи чија имплементација ќе треба да биде нејзин императив. Тука нема време за маките на Заев во оваа опција соочен со веќе направените списоци на желби во неговото опкружување составени од ликови кои немаат никакво разбирање на европските вредности.

Предизвикот на овој процес не е приказната за Мурот и Курто туку како после 25 годни лет во место да се обезбедат механизми на правна држава во која сите сме еднакви и во која не владеат владетели туку “слуги на граѓанството” како што тоа многу одамна е дефинирано во вистинските демократии “civil servant” . Затоа овој процес кој започнува денеска на зелена маса треба да се извади од фокусот на личните желби и амбиции на поединци и да се пренасочи кон интересите на граѓанството.

Груевски самиот се залагаше во 2006 година за странец кој ќе ја врши функцијата на јавен обвинител па и на раководител на МРТВ како јавен сервис. ЕК во писмото упатено до Зврлевски уште пред два месеца понуди слични услуги но обвинителството овој одговор на ЕК го крие од јавноста од за него разбирливи причини. Во овие констелации како никогаш досега значење треба да му се даде на граѓанскиот сектор “Стоп за полициската бруталност” “Пленумите” “Протестирам” “Солидарност” чија автентичност покажа дека Македонија ја има потребната супстанца за градење на демократско општество. Барањата на овие движења беа јасно дефинирани во насока на промена на системот на вредности а не на промена на поединци кои ќе бидат на чело на ова или она министерство. Оваа нова граѓанска енергија треба да се искористи во функција на непосреден ангажман во контрола и надзор на механизмите кои ќе се договорат за да се воспостави конечно системот на владеењето на правото а со тоа да се обезбеди и пар екселанс улогата на граѓанското општество како траен чувар на демократските вредности. Конечно самата ЕК во сите свои стратегии повторуваше дека европеизацијата на општествата во процесот на проширувањето нужно мора да го вклучи цивилниот сектор.

За многумина во овој концепт недостасува одговорот што со Груевски и неговата клика која ја фрли Македонија брутално на колена соочена со сите можни закани за нејзината иднина. Во еден концепт чија цел се само и само демократските вредности и принципи дефинирани во списокот на Хан и неговата екипа овој пат обезбедени со многу конкретни механизми за нивна имплементација едноставно незамисливо по се што знаеме од бомбите Груевски и неговата “екипица” да не бидат соочени со истражниот судија. Дали тоа ќе му се случи како премиер или како лидер на ВМРО ДПМНЕ во случајот е сосема ирелевантно. Во спротивно неговото повлекување од политиката на зелената маса има голем ризик да ја повтори 2001 по рецептот на Љубчо Георгиевски.

Шансата на Македонија да се извлече од вртлогот кој ја влече кон дното 25 години се случува денеска и деновите пред нас. Надежта дека имаме шанса за успех е и свесноста на еврократијата дека треба да се извлече од итарпејовштината на Балканот во која и се случи да го доведе под знак прашање кредибилитетот на историски најуспешниот процес на ЕУ каков што е проширувањето и неговата “мека моќ” за трансформација на општествата. Ризикот овој процес целосно да биде дискредитиран во Македонија несомнено ќе се одрази врз состојбите во целиот регион со сериозна закана за негово враќање кон неславното и трагично блиско минато.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.