Претседателот на владата на Република Словачка, Роберт Фицо е во многу тешка состојба откако попладнево беше ранет во градите.
Владината прес-служба соопшти дека состојбата на Фицо е животозагрозувачка.
Оттаму додаваат дека тој ќе биде транспортиран со хеликоптер во градот Банска Бистрица, откако поради неговата состојба не било можно да биде пренесен во Братислава.
Фицо е ранет во градот Хандлова, на 150 километри од Братислава, пред Домот на културата, каде што претходно се одржа седница на Владата, кога излегол меѓу собраните луѓе да ги поздрави.
Лицето кое пукаше кон Фицо е уапсено.
Според очевици, напаѓачот го повикал премиерот со зборовите „Робо, дојди ваму“.