Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По загинувањето на иранскиот претседател – кој беше Раиси, а кој е неговиот заменик Мокбер

0
By Zoran Ivanov on May 20, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ебрахим Раиси, 63 години, беше претседател на Иран од 2021 година и ја водеше земјата во позадина на несогласувањата на меѓународно ниво и со внатрешни предизвици.

Секогаш со црн турбан на главата и верска облека, важи за ултраконзервативец и отворен поддржувач на јавниот ред.

Во последниве месеци тој се претстави како жесток противник на Израел, заколнатиот непријател на Исламската Република, кој го поддржува палестинското исламистичко движење Хамас од 7-ми октомври, почетокот на војната во Газа.

Со тоа Раиси го оправда нападот без преседан на Иран на 13 април против Израел, со 350 беспилотни летала и проектили, од кои повеќето беа пресретнати со помош на САД и уште неколку земји сојузници на САД.

Тој беше ставен на црната листа во САД.

Мохамад Мокбер, човекот кој ќе го наследи Раиси до следните претседателски избори

Како потпретседател на Иран, се очекува Мохамад Мокбер да стане привремен претседател за да помогне во организирањето на претседателските избори што треба да се одржат во рок од 50 дена од смртта на претседателот Раиси

Роден на 1 септември 1955 година, Мокбер, како Раиси, се смета за близок до врховниот лидер Али Хамнеи, кој го има последниот збор за сите државни прашања. Мокбер стана прв потпретседател во 2021 година кога Раиси беше избран за претседател.

Мокбер беше дел од тимот на ирански официјални лица кои ја посетија Москва во октомври и се согласија да достават ракети и повеќе беспилотни летала за руската војска.

Во 2010 година, Европската унија го вклучи Мокбер на списокот на поединци и субјекти што ги санкционираше за наводна вмешаност во „нуклеарни или балистички ракетни активности“. Две години подоцна го тргнала од списокот.

Во 2013 година, американското Министерство за финансии ги додаде Сетад и 37 компании што ги надгледуваше на листата на санкционирани субјекти. Линк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.