На 91 – годишна возраст денеска во Скопје почина Благоја Иванов раскажувач, романописец, есеист, критичар и драмски автор.
Иванов бил роден на 4 февруари 1931 година во Скопје. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил соработник, уредник и главен уредник на културниот сектор на Радио Скопје и директор на Телевизија Скопје и професор на Факултетот за драмски уметности.
Бил уредник на списанието „Млада литература“ и главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи“. Бил дел од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1958 година, а бил и претседател на Друштвото. Членувал и во Македонскиот ПЕН центар.
Добитник е на наградите: „1 Мај“, на Недела на радио драмата на ЈРТ, „Рациново признание“, „Кочо Рацин“.