Минхен: Во главниот град на Баварија денеска почнува 61. Минхенска безбедносна конференција. Во услови на зголемени глобални тензии, овогодинешниот собир, што ќе се одржи од 14 до 16 февруари во хотелот Бајеришер Хоф во Минхен, ќе собере светски лидери, креаторите на политиката и експерти за да разговараат за итни безбедносни прашања, како што се тековната војна на Русија против Украина, кризата во Газа и променливата динамика на меѓународните сојузи.
Според претходните неофицијални најави, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, на конференцијата би можел да го претстави планот на администрацијата на Трамп за ставање крај на војната во Украина, а шефот на МСЦ Кристоф Хојсген изрази надеж дека мировниот проект може да се оформи за време на конференцијата во Минхен.
Од своето основање во есента 1963 година, Минхенската безбедносна конференција е водечки светски годишен форум за дебата за меѓународна безбедносна политика и дипломатски иницијативи за решавање на најитните безбедносни проблеми во светот.