Киев: Украина ќе ја запре испораката на руска нафта и гас преку нејзините нафтоводи до Европска Унија на крајот од годината, кога истекува актуелниот договор и истиот нема да биде обновен, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.
Тој додаде дека иако актуелниот договор не може еднострано да се откаже „нема сомнеж дека сето тоа ќе завршуваат на 1. јануари 2025 година“.
Киев е подготвен да транспортира гас од земјите од Централна Азија или Азербејџан во Европа, но не и од Русија, бидејќи е клучно Украина да ја лиши Русија од нејзините извори на приходи од продажба на суровини.
Унгарија, Чешка и Словачка се последните земји кои добиваат руска нафта преку нафтоводот „Дружба“.