Дубаи: Јеменските бунтовници, милитантната проиранска група Хути, го погодија танкерот „Сината лагуна 1“, кој пловел во Црвеното Море под панамско знаме, а во сопственост на компанија од Грција, соопшти регуларната влада на Јемен.
Денешниот напад е последен во серијата напади на Хутите почнати од војната меѓу Израел и Хамас, кои ги нарушија трговските бродски рути со кои секоја година се транспортираат стоки вредни стотици милијарди долари. Во денешниот напад бродот беше погоден со два проектила, а третата експлозија одекна во близина на бродот.
Хутите сè уште не ја презеле одговорноста за нападот, но, според американската агенција, може да поминат неколку часа или дури денови пред бунтовниците да го сторат тоа.