НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повторно гори на полигонот „Криволак“, пожарот е поделен на три краци

0
By Sashko on July 26, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пожарот на армискиот полигон „Криволак“ се реактивира денеска попладне и поделен е на три краци, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Во текот на вчерашниот ден, во утринските часови, поради високите температури се случи пожар на отворен простор од пошироки размери во Армискиот воен полигон „Криволак“, Општина Неготино. Од 16:30 часот, иако било дејствувано во повеќе наврати од Армијата со поддршка од летала (хеликоптер), пожарот бил локализиран, но не и целосно изгасен“, потсетија од ЦУК.

Денеска во 14:45 часот пожарот повторно се реактивирал, разгорел и проширил и веќе се поделил на три краци. Едниот се движел кон селото Пепелиште, Неготинско, вториот во правец на Богослове, штипски регион и третиот во атарот на Армискиот полигон „Криволак“.

„Од извршената процена на терен од страна на ТПП Неготино, градоначалникот на Општина Неготино, како и претставници на други релевантни институции кои учествуваат во гасењето на пожарните дејствија, утврдена е потреба од асистенција и воздушна поддршка од летала. Од градоначалникот на Општина Неготино е упатено барање за хеликоптерска подршка. Центарот за управување со кризи во координација со Министерството за внатрешни работи во 8 часот, упатија летало (хеликоптер) од составот на Министерството за внатрешни работи, како поддршка на единиците на ТПП Неготино, ЈКП Неготино, ТПП Штип и Армијата на Република Северна Македонија во гаснењето на пожарот“, се наведува во известувањето од ЦУК.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.