Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква и во сите православни цркви во светот.
Денеска се одржуваат воскресенски литургии. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.