НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пребројување на симпатизери или одбројување до крајот на партократијата

0
By Борјан Јовановски on May 20, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Во неделата и понеделникот во центарот на Скопје се случуваше народ. Два големи собира со десетици илјади граѓани. Од едниот се испрати порака за оставка на владата а од другиот порака за нејзина поддршка. Опозициските медиуми го величаа неделниот протест, владините оној во понеделникот а таканаречените неутрални се обидоа да ги изедначат двата настана претставувајќи ги како мобилизација на партиското членство.

Главната поента на сите три интерпретации е кој успеал да собере повеќе народ. Во математиката и бројките случајно или намерно наметната како најважна за релевантноста на едниот или другиот собир, се изгуби историската порака на граѓанството чие масовно будење се случи токму во пепелот на руинираните институции на партократијата која владее во Македонија од нејзиното осамостојување.

Во неделата во Скопје се случи историски настан не затоа што СДСМ собрал повеќе свои симпатизери. Ако се мери по бројка на симпатизери или партиски членови склон сум да тврдам дека понеделничкиот митинг во таа смисла беше поброен. Сепак вистинскиот настан беше во неделата затоа што на него се појавија илјадници граѓани без намера да и дадат поддршка на СДСМ или Зоран Заев. Целта на оваа граѓанска мобилизација на луѓе кои никогаш порано не се појавувале на вакви масовки беше да испратат јасна порака дека им доста од партократијата која како штафета си ја предаваа ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во изминатите 25 години.

Граѓаните во неделата се појавија на собирот за да ја споделат и поддржат најсилната порака испратена од таа говорница на овој протест.

„Сакаме да пратиме порака до сите: студентите не се овде за да поддржат некоја политичка партија. Студентите сметаат дека е значајно за што се зборува, а не кој го кажува тоа. Ние секогаш ќе бидеме коректив на Владата, оваа или било која друга. Да ја споделиме со вас, почитувани граѓани, студентската желба за Македонија. Сакавме да живееме во држава која е демократска, сакавме да имаме институции кои нема да креираат политики зад затворена врата, сакавме да имаме институции пред кои ќе можеме да ги адресираме нашите барања, сакавме еднакви можности, сакавме иднина дома“, викна од говорницата претставникот на Студентскиот пленум.

Студентите, граѓанските организации, поединците во неделата не дојдоа да му потпишат бланко на Зоран Заев дека тие се негови гласачи. Тие беа таму за да му кажат на Груевски да си замине со неговата авторитарност и клептократија таму каде што му е местото а на Зоран Заев во очи да му соопштат дека немаат намера повторно едно зло да заменат со друго. Ова граѓанство во неделата извика гласно дека си го бара она што му доликува на неговото достоинство дефинирано во највисоките цивилизациски вредности. Сака слобода во која оние кои се натпреваруваат за власт ќе ги соочат своите идеи и визии на култивиран начин од кој ќе произлезе искреноста дека желбата да се дојде на власт не е мотивирана од волја за моќ и алчност туку од љубов кон нацијата и благородна желба да му се овозможи на секој еден да живее достоинствено.

„Бараме од вас драги граѓани не само да ги почитувате овие вредности, туку и да ги применувате за НИКОГАШ ПОВЕЌЕ да не се повтори средношколци и студенти да ве учат вас „зрелите“ за демократија“, извика од срце Христијан Поп Симонов, студент на ФДУ давајќи пример и за тоа како треба да звучи говор на еден политичар кој на некои наредни избори ќе се обрати до оваа граѓанство за да го побара неговиот глас.

Овие пораки обединија илјадници граѓани во неделата како никогаш порано. Овие пораки за првпат во историјата на независна Македонија обединија граѓанство од сите етнички заедници што никогаш досега не и успеало на ниту една политичка партија. Конечно овие пораки заслужуваат внимание како историски за да стигнат што подалеку во ушите на сите оние чии животи си минуваат под секое достоинство кое им го одземаа партократиите.

Што се однесува до масовниот собир во понеделникот кој се случи за да ја поддржи власта покажа дека граѓанството кое се раѓа во урнатините на партократијата има уште многу работа за да се разбере пораката дека иднината не е во изборот на една или друга партија туку во афирмацијата на сопствениот интегритет и достоинство.

Фотографија: Роберт Атанасовски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.