Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предвидливиот избор во “заробената држава”

0
By Zoran Ivanov on October 30, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во демократијата мнозинството одлучува, и одлучи на овие избори. Со неизлезноста всушност излезе од “трлото” на “заробената држава”.

 Никица Корубин

После 10 години од извештајот на ЕУ под водство на Рајнхард Прибе, фактот за “заробената држава”, дефиниран како официјален европски политички став, останува темелниот репер, при анализата на било каква нијанса на политичките случувања кај нас. Всушност, и сите политички случувања се конструираат како параван на фактот (“заробената држава”) кој треба да се скрие, наместо да се реши.

Што не’ води кон уште еден јубилеј – исходот од борбата за правна држава и владеење на правото (дефинирана како “шарена револуција”) – која после цела деценија, узурпација, манипулација и дискредитација (зависно од местото во политичкиот спектрум) се јавува како јасен мнозински сентимент.

И тоа “тивко мнозинство”, невидливо или видливо на избори преку процентот на (не)излезноста, се’ уште го чека исходот од извешатите на Прибе за судбината на “заробената држава”, а константно го добива одговорот од “заробената држава”. Вклучително и на овие локални избори. И во македонскиот и во албанскиот блок.

И само во тој конструиран и контролиран наратив, може да постои дилема за суштината на изборот помеѓу актери од исто миље, кои патем речено имаат значителен до драстичен пад на поддршката од пред само една година и половина. Сите партии топтан.

Пад на долго и внимателно градена стратегија на “заробената држава” за секакви форми на “превземање и контролирање” на демократските потреби на граѓаните – од патриотизам, преку комунизам, до тоталитаризам – преку секакви флоскули за “анти-естаблишмент”, “ЕУ не ни треба”, “ВМРО-ДПМНЕ е криво за се”, “СДСМ државотворна партија” – и сите пропратни фрази за “мерит систем, вредности и жртви кои сме ги поднеле” е всушност метафоричкото “трло” во кое се чуваат граѓаните. И од кое, политички не смеат да излезат.

Затоа што никако поинаку, отворено про-руска партија, анти-нато и анти-ЕУ, кое по дефиниција значи анти-демократски пракси на суштинско не-владеење на правото, спакувани во “емоциите на транзицијата” и “говорот на гневните” не може – согласно елементарна логика – да добие поддршка од левичарски и либерални кругови на “државотворни партии”, на кои се чини комунизмот на поранешната СФРЈ им е подраг од било какви европски вредности и правила, по кои константно се ламентира. Истиот комунизам, кој освен што е “меко величан” се’ уште не е осуден од страна на државата, согласно европскиот парламент, како тоталитарен режим.

Сето тоа “освежено” со неуспешното пресликување на српската политичка сцена, во драстично различен контекст, на антиподи кои по автоматизам ќе ја исфрлат “про-европската” партија, vis a vis “понудата”; кулминира деновиве со постепен распад на нешто што очигледно било градено, негувано и наметнувано, паралелно со “уништувањето” на можноста за “уништување на заробената држава”. Која е “про-европската партија” е кристално јасно, во замислата, која не мора да ја следи реализацијата.

Тој “избор од истото трло”, метафорички кажано, е пресликан со репресивни и поданичка нијанси и кај албанскиот блок на партии, каде актерите добиваат различни улоги – ама реперот е ист – односот кон “заробената држава” и ЕУ интеграциите како вредносен систем, а не наменски напад кон “противникот” зависно од моменталната позиција.

И затоа единствено за што можеме да зборуваме, во контекст на тековните локални избори, е што се случува кај “политичкото малцинство” кое за прв пат и официјално е тоа, согласно излезноста – иако суштински тоа е цело време на нашата независност како држава – и како тоа одлучува за управувањето на локално ниво. Контролата ја имаат, ама наративот повеќе не. Вистината уште помалку.

Во ситуација на драстично намалена поддршка, конечно може “без ракавици” да се ослободат од баластот да “глумат демократи” и да повикаат: сакате “комунист” или “мек комунист”? Или лажен по потреба? Каков парадоксален исход – заедно “избраните деца на транзицијата” и “избраните деца на елитите”.

И да продолжиме конечно кон ЕУ. Бидејќи нели секако “се откажавме од името (БЈРМ)” – па редно е и да се откажеме од (зло)употребата на минатото и злоупотребата во минатото. Во демократијата мнозинството одлучува, и одлучи на овие избори. Со неизлезноста всушност излезе од “трлото” на “заробената држава”.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

колумна Никица Корубин ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.