Талат Џафери: Задоволство ми е во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое име да Ви го честитам најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот. Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро е благословена човекова определба и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата.