Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова помилува десет затвореници. Прв на списокот на помилувани се најде Акиф Равмановски чие име во јавноста се поврзува со скопски нарко клан, но и според информации на дел од медиумите учесник во неодамнешната престрелката во скопски Чаир пред десетгина дена кога повредено беше 35 годишно лице од Скопје.
Meѓу помилуваните е и поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талевски кој беше во затвор обвинет во случајот Транспортер и Маријан Ефремов првоосомничен во аферата Шпион. На листата се најде и името на Шенол Маслани од Арачиново. Маслани во 2019 година беше уапсен во голема акција кога полицијата заплени пушки, пиштоли, луксузни автомобили, пари и дрога. Тој беше уапсен под сомнение дека е член на група која се заканувала на полицаец, продавала дрога и поседувала оружје. На Маслини, Равмановски и Никола Трпчески од Охрид извршувањето на затворската казна, според одлуката за помилување, се заменува со условна.
Дел од имињата кои делумно се ослободуваат од понатамошно извршување и се објавени во службен весник покрај Талевски и Ефремов се и Мухарем Али, Тодор Попов, Томислав Симонов, Перо Кузмановски и Живко Делиџаков