НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателката Силјановска ни обезбеди уште едно вето од земја членка на ЕУ?

0
By Zoran Ivanov on May 12, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јане Ѓорѓиоски

Дали новата македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова, директно од македонското Собрание, за време на првата реченица што ја изусти во свечената изјава ѝ обезбеди на Македонија уште едно вето од држава членка на Европската Унија?

За време на свечената изјава во Собранието, претседателката Силјановска Давкова не го користеше уставното име на државата и на местото Република Северна Македонија, претседателката изговараше – Македонија, по што грчката амбасадорка присутна во собранието ја напушти свечената седница.

Пред претседателката беше првиот сериозен предизвик – Ќе ги изневери ли оние 561.001 гласачи и ќе го користи уставното име Република Северна Македонија, или ќе одбере да биде прагматична во интерес на граѓаните и  државата?

По сè изгледа Силјановска Давкова избра да ни обезбеди уште една долга и мачна дипломатска игра за проблем што се чинеше го надминавме со договорот од Преспа и членството во НАТО, кое сега најверојатно ќе ни се рефлектира во ЕУ.

Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која заедно со колегите амбасадори дојде да ја проследи седницата на Собранието за инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на државата, како што изјавија од грчката амбасада, ја напуштила пленарната сала. Заминувањето е во знак на протест поради тоа што Силјановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија туку користеше Македонија.

Во кампањата која ја водеше под слоганот „Македонија повторно горда“, Силјановска -Давкова говореше дека придавката „Северна“ нема да ја користи, но ќе стои пред табла со новото уставно име. Таа имаше изјавено и дека е против уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, но доколку Собранието донесе таква одлука ќе ја почитува, бидејќи Собранието е уставотворен орган. До граѓаните порачуваше дека треба да ги почитуваме темелните вредности на нашиот уставен поредок, а Преспанскиот договор за неа, како што велеше, е политички и правно отворено прашање.

Пред свечената изјава на Силјановска Давкова, Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Алфа“, објавено вчера, ја предупреди новата власт во Северна Македонија да го почитува Преспанскиот договор

Мицотакис истакна дека иако тој лично претходно не се согласувал со Преспанскиот договор, особено со деловите „македонска нација“ и „македонски јазик“, сепак го прифатил во рамки на континуитетот на државата. Затоа тој се надева дека и новото раководство на нашата земја ќе се држи до одредбите на овој меѓународен договор.

„Да бидеме трпеливи. Сакам да се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема да бидат официјална позиција на новата Влада постизборно, бидејќи ако се случи ова ќе имаме проблеми“, рече Мицотакис.

Тој кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ги следел со загриженост, но и дека „со голем интерес“ го чека официјалниот став на новиот премиер за да види на кој начин ќе се осврне на името на неговата земја.

И шефот на грчката дипломатија Герапетритис, потсети дека патот на Северна Македонија кон ЕУ поминува и преку верното придржување до Договорот од Преспа

– Во однос на Северна Македонија, повеќепати нагласив дека патот на земјата кон Европската Унија поминува и преку верното придржување до Договорот од Преспа, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за неделното издание на весникот „Врадини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија потсети на ставот на Нова демократија во периодот кога беше опозиција, посочи дека е неопходно Договорот од Преспа да продолжи да се спроведува, оценувајќи дека ова ќе биде и ставот на новата Влада.

– Овој Договор претставува меѓународен договор, кој е над секој внатрешен закон и треба да се почитува од страните и секако не е дозволена негова ревизија без договор на страните. Во оваа смисла, сметаме дека е неопходно Договорот да продолжи да се спроведува и сметам дека ова ќе биде ставот и на новото политичко раководство на Северна Македонија, кое ќе произлезе по изборите. Грчката влада континуирано и строго го следи спроведувањето на Договорот и ќе ги направи неопходните интервенции, истакна Герапетритис.

Паралелно ја повтори и грчката поддршка за ЕУ перспективата на земјите од Западен Балкан, потенцирајќи дека „овие држави треба да бидат во јадрото на Европската унија“.

Каква ќе биде реакцијата на грчката дипломатија после изјавата на Силјановска Давкова и зошто претседателката уште при првиот говор како претседателка, наместо стабилност и просперитет, одбра неизвесност и загрозување на европската перспектива на граѓаните, останува да видиме? Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.