Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателска дебата на МРТ – Кандидатите со различни ставови по многу важни прашања

0
By Zoran Ivanov on April 22, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателските кандидати синоќа во предизборното соочување на Националниот сервис ветија намалување на криминалот и корупцијата, но имаат различни ставови по многу  прашањата за ЕУ интеграциите, реформите, судсртвото, економијата. Судството, корупцијата беа дел од приоритетнитет еми.

Претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски е на ставот дека ветингот мора овој пат да биде задолжителен.

Ветингот мора да биде задолжителен и јас во тоа мојата лична одговорност ја гледам. Мораме во склад со нашето домашно законодавство, најпрвин да ги провериме имотите на политичарите, мислам дека има многу дувло, не мислам дека има еден центар, мислам дека за жал се зафатени во повисоки центри и во судството и во обвинителството и во политиката, додаде Пендаровски.

Кандидатката за претседател на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова за време на дебатата потенцираше дека владеењето на правото е урнисано, а корупција и криминал има во секој поглед.

Потребна е политичка волја за спречување на корупцијата. Претседателите се директно вклучени, преку именување на двајца членови на Судскиот совет луѓе кои директно учествуваа во оневозможување на завршување на определени процеси, тогаш имате одговорност, подвлече Силјановска-Давкова.

Според кандидатот на ГРОМ и Коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски, политиката треба да се тргне од судството и од обвинителството.

Треба да им создадеме материјални услови за работа. Не може да бараме резултати од нив, а немаме доволно обвинители, немаме доволно истражители, немаме доволно судии. Сакаме со политика, со политичка хајка да правиме ветиг, да ги вразумуваме судиите, да правиме судство како што не треба, сакаме повторно да имаме специјално обвинителство. Ќе се научиме ли еднаш дека на тие институции кои ги имаме, треба да им ги дигнеме материјалните капацитети, рече Јакимовски.

Претседателскиот кандидат на ДУИ и Европскиот фронт Бујар Османи рече дека мора да ставиме ѕид на руското влијание тука, и да се сконцетрираме на вистинската корупција со која се соочуваат нашите граѓани.

Како министер за надворешни работи, се инспирирав од сертифицирањето што го дава НАТО и го проширирив тоа на ниво на МНР. Тие што неможат да добијат сертификат, не може да бидат амбасадори. Тоа сакам сега да го проширам и на министри, судии, обвинители, додаде Османи.

Според кандидатката на „Левица“ Билјана Ванковска, актуелниот претседател потпиша Закон кој практично ја стимулира корупцијата со измените на Кривичниот законик.

Потребен ни е институционален систем, а не ваква мазохистичка надворешна некаква ветинг машина што ќе прочистувала, што само не прави тотално неспособни. Дури и правосудниот систем, органите на прогон, сите што се надлежни за тоа, треба да си ја вршат работата, рече Ванковска.

Кандидатот на коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари посочи дека рак рана на македонското општество е довербата во судството. Тој напомена дека довербата во судството е само 2 проценти, а тоа како што рече, е резултат на досегашното владеење на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Правдата треба да излезе на виделина. Јас мислам дека постојат структури во државата кои што не дозволуваат овој систем кој што создава монтирани случаи, некако да се тргне и да не функционира, додаде Таравари.

Кандидатот на ЗНАМ- За наша Македонија, Максим Димитриевски смета дека кај нас политичката корупција е главниот стимулатор за целосна корупција во државата.

Коридорот 8 – 160 милиони евра, фабриката за возилата кои што не ги ни видовме, Бехтел и Енка, тоа се класични примери на корупција и дефинитивно потврдува дека сето тоа си го договара политичката елита. Мора да се врати правдата и казнивоста во државата, потенцираше Димитриевски.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.