21-ви април
Уште ден до молкот пред првиот круг избори за претседател на Република Северна Македонија. Кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска Мирчевска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски денеска ги финализираа своите предизборни активности.
Како и во изминатите 18 денови, НОВАтв.мк и денеска информира за дел од нивните активности со потенцирање на нивните главни пораки во настапите и тоа, како и досега од првиот ден на претседателската кампања го емитува по ред согласно редоследот од гласачкото ливче утврден со жребање во организација на ДИК.
Стево Пендаровски – Скопје:
Стево Пендаровски, претседателски кандидат и актуелен претседател на државата, го одржа својот завршен митинг симболично пред седиштето на Европската Унија во Скопје.Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановска го лажат народот и секој ден повторуваат дека уставни промени нема да има под бугарски диктат, а пред странските дипломати изразуваат формална подготвеност за деблокада, истакна кандидадтот за претседател на СДСМ и колаицијата, рече тој пред илјадните граѓани на својот центѕрален митинг.
Висок претставник од нивната сестринска партија од Германија, по разговорите со нив рече дека е убеден дека ќе гласаат за уставните промени, а, овие и понатаму секој ден повторуваат дека уставни промени нема да има под бугарски диктат, рече Пендаровски.
Говорејќи за понудата на најголемата опозициона партија во текот на политичката кампања, Пендаровски оцени дека наместо предлози за подобро денес и утре на граѓаните и на државата, тие ги рециклираа истите политички решенија кои ја донесоа државата во статус на изолирана и заробена, со власт која монтираше политички процеси и земја во која имаше политички затвореници и новинари во затвор.
Да бидеме искрени, дали некој воопшто од нас кој го памети режимот, имаше причина да се надева на поинакво однесување од партијата која организираше насилен упад во парламентот, а, денес и по седум години, не само што не се извини на жртвите и на целиот народ поради тој срамен чин, туку најавува амнестија на насилниците кои беа спремни да убиваат само за нивните политички ментори да останат на власт, рече Пендаровски и праша дали во оваа кампања понудија нешто во однос на двата клучни предуслови за стабилна и просперитетна држава: евроатлантските интеграции и меѓуетничките односи?
Тој осочи дека оозицијата и нивната кандидатка за претседател во обид да ги манипулира граѓаните, го трансформираа ставот за интеграцијате во НАТО.
Лично од нивната кандидатка за претседател чувме дека интеграцијата во НАТО алијансата била важна за стабилноста на земјата, а истата личност пред четири години бараше кривична одговорност за потписниците на Преспанскиот договор. Партијата која ја поддржува, за овој политички лупинг не кажа ниту збор, мислејќи дека ги имаме заборавено жестоките критики и тешките лични навреди упатени кон сите нас, кои го поддржуваме тој договор. За да биде парадоксот уште поголем, високи претставници на таа опозициона партија поверуваа во сопствената пропаганда и две години по усвојувањето на преговарачката рамка сѐ уште не знаат што пишува во неа: имено, дека целокупното европско законодавство ќе биде преведено и на македонски јазик, а македонскиот ќе биде еден од официјалните јазици во таа организација во моментот кога ќе станеме членка. Сакаат да заборавиме и дека во септември минатата година не се случи потпишувањето на договорот со Фронтекс, европската агенција за чување на границите на Шенген зоната кој го потпишавме и на македонски јазик, порача Пендаровски.
Пендаровски потенцираше дека нивниот таканаречен предлог за деблокада на европскиот пат кој им го подметнуваат на сопствените граѓани е да ја репреговараат преговарачката рамка со Унијата, иако сите високи претставници на ЕУ велат дека тоа е завршена работа.
На денешниот собир во Скопје, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се осврна и на меѓуетничките односи, истакнувајќи дека од независноста на земјата досега, тие се најстабилни бидејќи, како што рече, оваа политичка гарнитура знае дека освен евро-атлантските интеграции, соживотот е еден од двата клучни фактори за напредок на земјата. Но и за ова прашање, како што поосчи, опозицијата не води сметка.
Пред секои избори, како по правило, бараат 61 пратеник за наводно да не биле условувани од Албанците, а, пред некој ден повикаа на формирање на семакедонски патриотски фронт, исто како во времето на режимот, не водејќи сметка дека етничката хомогенизација во мултиетничка држава како нашата е рецепт за дестабилизација, рече Пендаровски.
Во тој контекст, се осврна и на неодамнешната изјава на Силјановска во која, како што наведе, кажала дека ќе направи нов граѓански Устав, а притоа, како што подвлече Пендаровски, не објаснила дали во него ќе има место за Македонците.
– Најнова идеја промовирана во кампањата им е предлогот за носење на целосно нов граѓански устав за кој опозиционата партија до сега се нема произнесено зошто ни е тоа потребно и дали таквиот устав може да го наруши концептот воспоставен со Рамковниот договор, рече Пендаровски.
На централниот митинг во Скопје, порача и дека очекува изборна победа на 8 мај и оти анкетите на опозицијата се лажни.
Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава, рече Пендаровски и повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, да не се враќаме во режим, порача Стево Пендаровски чиј изборен слоган е „Нашиот претседател Стево“.
Гордана Сијановска Давкова – Скопје:
Сите држави имаат своја мафија, ама во Македонија има опасност мафијата да има своја држава! Битката со мафијата мора да биде бескомпромисна, многу е тешка, но мора да почне, оти криминалот и корупцијата се системски. А, ликови што наликуваат на оние од мафијата се вгнездени на највисоките позиции и тие со чинење или со нечинење, со гледање и помагање се исто така соучесници, истакна претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Аеродром.
На почетокот од 2000 година, Роберт Хајслоп ќе рече: „Сите држави имаат мафија, ама на Балканот има опасност мафиите да имаат свои држави“. Сега кога ги гледам состојбите со корупцијата и криминалот, барам некаков излез, читам дека во Италија на времето донеле еден закон против мафијата и сега го препорачуваат. И да, она што всушност е дел од Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е дека битката со мафијата мора да биде бескомпромисна, дека битка со мафијата е многу тешка, но мора да почне оти криминалот и корупцијата се системски, рече Силјановска Давкова.
Таа посочи дека изборите на 24 април доаѓаат како предигра бидејќи тогаш работите ќе се разјаснат, а целосно ќе се расчистат на 8 мај.
Мислам дека на 8 мај ќе биде запечатена една тешка, грда фаза од владеењето и ќе започне една нова реформска фаза. За тоа навистина се потребни умни, чесни и посветени луѓе. Луѓе кои државните и национални интереси ќе ги стават пред било кои други. Луѓе кои како одважни и достоинствени, ќе бараат од големите и средните држави, па и од ЕУ и сите држави внатре, заслужена почит. Луѓе кои ќе бараат и ние да итаме во исполнувањето на Копенхагенските критериуми. Да не се занимаваме и да го губиме времето на докажување дека сме тие што сме. Да барате од некого да докаже дека е човек, дека е жена, дека е Македонец е непристојно, порача Силјановска Давкова на митингот во Аеродром.
Таа се осврна и на денешниот митинг на СДСМ и нивниот претседателски кандидат Стево Пендаровски пред ЕУ инфо центарот во Скопје.
Денеска чув дека одржале митинг пред Европската комисија, зградата, веројатно не случајно, се прашувам дали е можеби тоа протест против европската политика или можеби молат да останат на власт со нивна поддршка заборавајќи дека нам сертификати не може да ни даваат. Сиот респект кон ЕУ, НАТО и САД, но онаа чудна Бујарова идеја денеска го прашав ‘да не имате вие намера, за претседател се кандидирате или се кандидирате за генерален секретар на НАТO?’ Сертификатот ние го бараме од граѓаните и ќе го добиеме од нив, ама за вас не сум сигурна, рече Давкова, додавајќи оти претставувањето како европски претседател е непозната функција.
Стевчо Јакимовски – Скопје:
Според кандидатот за претседетел на Република Северна Македонија Стевчо Јакимовски, политиката треба да се тргне од судството и од обвинителството.
Треба да им создадеме материјални услови за работа. Не може да бараме резултати од нив, а немаме доволно обвинители, немаме доволно истражители, немаме доволно судии. Сакаме со политика, со политичка хајка да правиме ветиг, да ги вразумуваме судиите, да правиме судство како што не треба, сакаме повторно да имаме специјално обвинителство. Ќе се научиме ли еднаш дека на тие институции кои ги имаме, треба да им ги дигнеме материјалните капацитети, рече Јакимовски пред граѓаи во скопскиот регион.
Бујар Османи – Скопје
Претседателскиот кандидат, Бујар Османи заедно со коалицијата подржувач на митинг од скопскиот плоштад ги повика граѓаните да се мобилизираат, бидејќи според него, постојат реални шанси како кандидат Албанец да помине во вториот круг.
Ве замолувам да се мобилизирате, да овозможите да се пробие оваа бариера, бидејќи се создава еуфорија. Затоа ве повикуваме луѓе, за да ја оствариме оваа историска победа, да одиме во вториот круг, рече Османи.
Во своето обраќање тој рече дека настаните од 27–ми април се последица на изборот на Албанец за претседател на Собранието. Тој рече дека се уште се свежи настаните од 27-ми април истакнувајќи ги како едни од најстрашните во историјата на земјава.
Осврнувајќи се за настаните на 27-ми април, претседателскиот кандидат вели дека животот на претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села бил доведен до прашање.
Пред седум години, речиси точно на денешен ден, некаде на стотици метри од ова место, таму во Собранието на Северна Македонија се случија најстрашните настани од поновата историја на нашата држава. Се сеќавате на настаните од 27 април, пред нас се уште се крвавите слики на нашите пратеници. Која беше причината? Дека Талат Џафери стана претседател на Собранието. Што беше проблемот? Само тоа што бил Албанец и ништо друго. Се уште се сеќавам на сликите на Зиадин Села кој тој ден за малку ќе го загубеше животот, рече Османи.
Билјана Ванковска Мирчевска – Скопје:
Претседателската кандидатка Билјана Ванковска Мирчевска денеска ја презентираше програмата за престојните претседателски избори во главниот град.
Моите противкандидати велат ќе ја направеле европска Македонија. Велат ќе го славеле 9 мај – Денот на Европа. Тоа е измислена работа. 9-ти мај е Ден на победа над фашизмот. А, Битола градот на Стив Наумов, не трпи фашизам. Денес ние се соочуваме и со неофашизам. И уште утре, на соочување, ќе треба да се објаснува дали сум про ЕУ или анти ЕУ. Не, јас сум про Македонија. Јас сум промакедонска сила – истакна во својот говор Ванковска доплнувајќи се со ставот на партијата што ја прредлага за не на Бугарите во уставот.
Арбен Таравари – Гостивар:
Кандидатот за претседател Арбен Тараварипред граѓаните на Гостивар порача дека очекува победа на претстојните избори, но како што напомена, потребна е вонредна мобилизација.
Ајде за вонредна мобилизација, за да ја направиме разликата од 7.000 гласови како што ветивме. Ми велат дека тоа сум го ветил и сега треба заедно да го направиме тоа. Затоа, овие два-три дена да продолжиме да работиме заедно и да ја направиме победата голема, рече Таравари.
Тој ја побара поддршката од гостиварци за, како што рече, остварување на првата победа на 24 април и конечната победа на коалицијата „ВЛЕН“ на 8 мај.
Максим Димитриевски – :
Кандидатот за претседател на Република Северна Македонија Максим Димитриевски смета дека кај нас политичката корупција е главниот стимулатор за целосна корупција во државата.
Коридорот 8 чини 160 милиони евра, фабриката за возилата кои што не ги ни видовме, Бехтел и Енка, тоа се класични примери на корупција и дефинитивно потврдува дека сето тоа си го договара политичката елита. Мора да се врати правдата и казнивоста во државата, рече Димитриевски пред граѓаните во неколку скопски кавртови.