29-ти април
Стево Пендаровски:
- Нашите концепти не се разликуваат во нијанси, нашите концепти се драстично различни
- Во овие пет години се трудев да бидам коректлив на извршната власт и секој претседател на државата треба така да постапува.
- Тие кои сега планираат да ја редефинираат Македонија како концепт со редефинирање, или поништување, сите договори врз кои почива нејзината перспектива, и тие сега на 8-ми мај бараат ним да им ја дадете довербата, а не на нас.
- Тие предлагаат ревизија на сите документи врз кој почива државата, стабилноста безбедноста и нејзиниот економски просперитет и тие предлагаат ревизија на сите документи кои нè направија членка на НАТО и земја која преговара со ЕУ.
- По сите основи, нашите меѓуетнички односи интеграцијата во евроатлантските структури, ние нудиме концепт кој е проверен, досега гледате каде стигнавме.
Гордана Силјановска Давкова:
- Македонија горда и Македонија твоја се сијамски близнаци.
- И од Балканот може да се направи пристојно, стандардно, европско катче за живеење.
- Не можам да заборавам на оние кои во мене препознаа достоен кандидат за претседател, мислам на ВМРО ДПМНЕ.
- Важно да се задржат најдобрите, да не бегаат од државата.
- Со проекти и можете многу лесно да утврдите кој има програма и проекти, а кој нема ништо.
- Гордоста, не може ниту да ја купите, ниту пак може да ја украдете, ниту пак доаѓа незаслужено.
- Гордоста доаѓа со работа, со чест.