Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024 – акценти

0
By Zoran Ivanov on May 1, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

1-ви мај

Штип – Стево Пендаровски:

  • Сега ќе мораме да направиме мобилизација, максимална за да спречиме враќање на режимот, бидејќи по сите специфики: политички, логистички и други разузнавачки, било какви, тие ќе бидат режим број два;
  • Ве уверувам дека не само да го кревам вашиот и мојот морал, затоа што тоа е објективна политичка проценка, која ќе се покаже на 8-ми мај дека гласовите на овие што испаднаа од првиот круг, петмина, вкупно околу 330.000 гласови се многу блиску до овој концепт, која јас го заговрам, го застапувам, го промовирам изминатите години, а сите вие го поддржувате. Значи тие што испаднаа ќе си одат со своите политички субјекти на парламентарните избори, ќе видеме како ќе поминат. Но, во овој другиот дел на претседателските избори да немате никакви дилеми дека најголемиот дел од нив сакаат стабилна Македонија, сакаат Македонија со извесна иднина и сакаат Македонија да биде интегрирана во развиениот свет;
  • Госпоѓата нема поим од основните работи и надлежности на претседателот. Прво вели дека е добро нашето членство во НАТО, а вели дека е против Преспанскиот договор. Сакаме да отидеме нели во Европска унија, но немаме ништо против европската преговарчка рамка, а не спомнува промена на Уставот, со што не може да се продолжи понатаму.
  • И најнов изум, која упорно го повторува последните денови, заговара нов Устав, граѓански Устав, со кој ќе се редифинира рамковниот договор. Нека ни е аирлија ако таквите добијат мнозинска поддршка од македонскиот народ и македонските граѓани;
  • Клучните столбови на мојата програма во 2019 година беа влез во НАТО, отворање на преговори со ЕУ и стабилни меѓуетнички односи – триаголникот на успехот и стабилноста, просперитетот на државата и ова е остварено;
  • Мојата програмата за работа во вториот мандат исто така е заснована на реални основи, а не на фикции;
  • Не тврдам дека оние кои го потпишале Преспанскиот договор треба да завршат во затвор и дека треба да бидат кривично одговорни. Тврдам дека тоа е добар договор кој ги штити македонските национални интереси, а госпоѓата Силјановска Давкова го тврди спротивно;
  • Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама имаме проблем со другите аспекти. Европската преговарачка рамка е договорена од Европа, од 27 држави и ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме, гтрето нема;
  • И натаму ќе бидам независен од кои било центри на политичка и економска моќ.

Струмца – Гордана Силјановска-Давкова:

  • Ветингот и досега можеше да се спроведе како евалуација или реевалуација при секој избор, оти генерален ветинг, оној суштинскиот значи распуштање на сите и влегување во еден проблем. Пендаровски, пак, кажа дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во изминатиот период не биле на ниво на задачата. Решението не го гледа во нивно укинување како институции, туку во подобрување на кадарот кој влегува во нив преку ветинг;
  • Ние можеме да направиме нов Судски совет и Совет на јавни обвинители, меѓутоа јас мислам дека без претходен длабок, прецизно направен ветинг, со странски експерти, со нивна асистенција и помош. Џабе ќе правиме нови и нови судски совети ако сличен човечки материјал ни влегува во тие судски совети;
  • Ќе се вивнам како политичкиот вулкан, како отпор на феудалните енклави на замислените европјани;
  • Во Струмица се чувствувам особено добро бидејќи знам дека оттука ќе тргне тој политички вулкан, што ќе стави крај на последната феудална енклава во Македонија. Таа енклава ја нареков феудот на Заеви што ќе се распадне;
  • Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино;
  • Секој од нас има право на индивидуално самоопределување и никој никогаш ниту мене ниту вам не може да ни забрани да го употребуваме името Македонија;
  • Замислете, во една емисија, во еден изборен циклус, не знаете кој е кој, не знаете со кого разговарате, бидејќи господинот Пендаровски во една изјава вели дека сум одличен професор, меѓународно признат експерт, дека сум имала висока морална вертикала па после вика не.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.