Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претставникот на ООН заинтересиран за Кежаровски и Фокус

0
By Сашка Цветковска on June 19, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалниот известувач на ОН за унапредување и заштита на правото на слобода на изразување, Франк Ла Ру, кој треба да направи извештај за состојбите со слободата на мислење и изразување во земјата денеска се појави во Основниот суд 2 на судењето за клевета Мијалков против Фокус. Со оглед на тоа дека рочиште немаше бидејќи се одложи, Ла Ру ја искористи приликата да поразговара со адвокатите, како и тужените новинари Јадранка Костовоа и Владо Апостолов. Специјалниот известувач изрази загриженост поради овој процес против новинарите и истакна

-Многу сум заинтересиран за судењето на Фокус бидејќи е врзано со слободата на изразувањето за што треба да се заинтересирани сите. Медиумите не треба да бидат одговорни за пренесување на информации од трети страни, а третата страна може да биде самата одговорна за изјавите, истакна Ла Ру.

Специјалниот претставник е заинтересиран и за случајот со притворениот новинар Томислав Кежаровски. Побарал да поразговара со него во притворот во Шутка, но надлежните не му дозволиле.

-Вистина е дека јас дадов барање за да го посетам новинарот Кежаровски, но бев одбиен. Повеќе детали за овој случај, како и за оценката за состојбите со медиумите Ла Ру рече дека ќе презентира во петок на прес конференција во хотелот Холидеј Ин.

На судењето дојдоа и набљудувачи од мисијата на ОБСЕ, Американската амасада во земјава, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ЗНМ и ССНМ.

Освен случајот со тужбите на Апостолов и Костова, како и притворот на Кежаровски, Ла Ру бил заинтересиран за повеќе детали и за смртта на Никола Младенов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.