Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приказна за грчкиот штурец и европската мравка

0
By Светлана Јовановска on July 13, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврозоната се почувствува изиграна кога грчкиот премиер најави референдум на 5 јули за мерките за штедење. И поради тоа, голем дел од европските лидери одлучија да наметнат мерки кои можат да се опишат како казна за Грција.

Во текот на овој викенд, како што вели една француска поговорка, Грција можеше да избере помеѓу чума и колера.

Грција сепак се согласи на европските услови затоа што не сакаше врз себе да ја преземе одговорноста за излегување од еврото или Грексит. Никој не знае и не може да каже каде вакво сценарио може да води.

А во ЕУ никој не сакаше да го одврзе ќесето пред да се дојде до договор чија што примена треба да гарантира дека Грција конечно ќе ги направи неопходните структурни реформи.

Но Атина сепак нешто успеа да добие. Договорот покрива период од три години додека кредиторите претходно инсистираа на договор за три месеци. Во однос на долгот Ципрас успеа да добие ветување дека тој ќе биде намален доколку Грција навистина направи реформи.

Еврогрупата ја загуби целата доверба во Грција. Толку многу што сите присутни на маратонските преговори се сложија дека владата треба да се набљудува во спроведувањето на договорените реформи. Оттука дојде до барањето целата грчка економија да се стави под мониторинг на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Но, може исто така да се каже дека договорот е тежок но правичен. Во договорот остануваат мерките за штедење но тие се поподносливи. Тоа се гледа најдобро по сумите што се наменети за Грција. Договорени се 80 милијарди евра помош а не 30 како што тоа беше порано предложено. Кредиторите дадоа повеќе пари за да се намалат тешкотиите со кои веќе пет години се соочуваат Грците и оставија поголем рок.

И тоа не е се. Ципрас успеа во договорот да внесе календар за намалување на долгот. Грчкиот премиер очекуваше одлука за намалување на долгот уште во текот на викендот. До тоа не дојде но договорот предвидува дека за три месеци ќе се разговара за намалување на долгот штом се видат првите резултати од спроведувањето на реформите.

Ципрас ќе мора да прави реформи. Некои закони треба да се донесат до среда. Целиот календар, реформите и спроведувањето се направени на начин кој треба да ја врати довербата на еврозоната кон Грција.

Оваа земја со години ги изигруваше своите европски партнери. Треба да се признае дека тоа го правеа сите досегашни влади а не владата на Сириза, но, Ципрас е тој што ќе ја плати цената на непотизмот и корупцијата во изминатите години, Европјаните затоа одлучија да му дадат повеќе време и повеќе пари во очекување на резултатите од реформите.

Факт е дека кризата во Грција трае од 2010 година и факт е дека кредиторите им испорачуваа помош на Грците, која доаѓаше на рати, и покрај тоа што Грција не ги исполнуваше условите. Европјаните ги затвораа очите поради тоа што бојата на досегашните владеачки партии во Грција им беше по волја.

Ципрас се обврза на тешки реформи. Тој во Брисел дојде откако се договори со сите грчки демократски партии. Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, кој играше голема улога во договорот, и се јави на грчката опозиција и отворено и кажа дека повеќе не смеат да играат политички игри. Немојте да се надевате дека нови избори или туркање на Ципрас било што ќе сменат во реформите, им рекол Јункер. На сите им е сега јасно дека од реформите повеќе нема бегање.

Конечно, прашањето е кој во Грција ќе го плати овој реформски напор? Ципрас, го сакале ние или не, донесе нова надеж. Надеж дека финансиските тешкотии повеќе нема да паѓаат само врз грбот на сиромашните и средната класа туку дека штедењето ќе го почувствуваат и оние кои долги години избегнуваа да плаќаат данок. Ципрас тоа го вети. Да видиме дали ќе успее.

Останува исто така да се види дали Ципрас ќе ја преживее оваа криза на чело на владата. Во наредните денови Атина ќе биде во фокусот на целото европско внимание. Поради Грција но пред се поради иднината на еврото и Европската унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.