Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф.Ташевска за Цивил Медиа: Доколку работодавачите гледаат дека и други неказниво исплаќаат „плата во плико“, стануваат похрабри да го применат истото

0
By Marija Todorovska on September 26, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека трошоците за живот секојдневно раснат, вредноста на минималната потрошувачка кошничка е сé поголема, а просечната плата падна, истовремено,претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, предупредува на практиката на исплата на плата „во плик“ која продолжува да биде значителен проблем во земјата, со оглед на тоа што, според информациите кои тој ги сподели, околу 25.000 работници сé уште ја добиваат платата, или дел од неа на овој начин, со што директно се оштетува државниот буџет за сума до 250 милиони евра годишно, што значително придонесува кон развојот на сивата економија и избегнување на даночните обврски.

ЦивилМедиа им постави прашање на неколку универзитетски професори и експерти од областа на економијата за тоа колку ваквата појава, освен по буџетот на државата е опасна и за самите работници, како да се заштитат самите тие, и како поефикасно да се заштити државата?

 

Д-р Билјана Ташевска, вонреден професор

Д-р Билјана Ташевска, вонреден професор на Економски факултет – Скопје во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ смета дека оваа практика секако не е во полза на работниците, иако понекогаш тие не се докрај свесни за последиците. Работодавачите на тој начин заштедуваат, односно исплаќаат помал износ на даноци и социјални придонеси за вработените.

Исплатата на целата или дел од платата во готовина, или како што се нарекува „плата во плико“, значи дека на основа на таа плата (или дел од платата) не се исплатени даноци и социјални придонеси за работниците, што го намалува обемот на нивното социјално и пензиско осигурување. Тоа има последица и на подолг рок, односно при пензионирање на работниците, пресметката на износот на пензија ќе се врши врз база на помала основица (платата која формално ја добивал работникот), што ќе значи понизок животен стандард по завршување на работниот век, т.е. во пензионерските денови, вели професорката Ташевска.

Дополнително, таа посочува дека на овој начин се намалува кредитната способност на работниците, бидејќи таа се утврдува според формалниот доход кој го прима работникот. Ваквиот „систем“ на плаќање може да влијае и врз намалување на мотивите за работа на работниците, односно нивната посветеност на работните задачи и да ја намали нивната продуктивност.

Неформалните работници, пак, кои воопшто не се формално пријавени како вработени во формалниот, или пак се ангажирани во неформалниот сектор, не се социјално и пензиско осигурени, значи не им тече работен стаж кој се зема предвид при заминување во пензија, ниту пак ќе бидат квалификувани за добивање надоместок за невработеност, доколку добијат отказ од работа. Исто така не се заштитени со Законот за работни односи и не можат да ги остварат своите работнички права при евентуални спорови со работодавачот. Овие работници се дел од најранливите категории во услови на криза и беа едни од најзагрозените граѓани во кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19 по воведување на рестриктивните мерки, истакна Ташевска.

Според неа, генерално најзасегнати од исплата на плата во готовина се работниците со низок доход, особено примателите на минимална плата, како и неформалните работници. Износот на минималната плата го одредува минималниот трошок на работодавачите за бруто плата по работник, како и нето-платата која се исплаќа на трансакциска сметка на работникот, па оттука некои работодавачи прибегнуваат и кон обврзување  на работникот дел од платата да ја врати на работодавачот.

Сепак, треба да се има предвид дека исплатата на плата во готовина се врши врз основа на устен (неформален) договор помеѓу работодавачот и работникот. Оттука, за да се влече некаква констатација важно е да се знае и под кои услови работникот се согласил на таков договор. На пример, дали работникот имал притисок од работодавачот за прифаќање на таквиот начин на примање плата како единствена опција за добивање или задржување на работното место, или пак доброволно се согласил со работодавачот поради високи/зголемени вкупни трошоци на работодавачот за бруто плата, дел од платата да ја зема на рака со што би се намалил вкупниот трошок на работодавачот и може да се задржи истото или да се зголеми нивото на нето-плата.

Одредени истражувања покажуваат дека работниците се повеќе склони да прифатат ваков тип на договор доколку не станува збор за основната плата, туку исплата на пример врз основа на дополнителен или хонорарен ангажман. Исто така, доколку работодавачите (но и работниците) гледаат дека и други практикуваат плаќање на дел од платата на рака, а поминуваат неказниво, стануваат похрабри да го применат истото.

Овој проблем е доста комплексен, особено во општество во кое значителен дел од работниците имаат ниски примања, во кое е прилично голема застапеноста на сивата (неформална) економија. За да се намали овој проблем особено се важни добрата законска регулатива и силни и кредибилни институции. Треба да се работи на зајакнување на капацитетите на инспекциските служби, на зголемување на даночниот морал (за што е особено важно зголемувањето на довербата на граѓаните во државата и институциите), како и на едукација на граѓаните за нивните работнички права, за можните механизми за пријавување и други мерки кои можат да ги преземат (тука своја улога имаат синдикатите, Државниот инспекторат за труд  итн.), заклучува професорката на економскиот факултет, Билјана Ташевска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025
ФОКУС

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

ВЕСТИ October 14, 2025

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ е најбогата со донации, барем ако се гледаат првите 10 денови од кампањата…

Прогласени лауреатите на наградата „Европско наследство“ за 2025 година 

October 14, 2025

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
ТИКЕР

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.