Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професоре Ванчо Ѓорѓиев, по вторпат: Името, ве молам!

0
By Zoran Ivanov on September 20, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сега, со право може да се постави прашањето: кој тоа му вршел притисок на професорот Ванчо Ѓорѓиев меѓу двата изборни круга на последните локални избори?

Атанас Костовски

Преку „Слободен печат“ го замолив професорот да го соопшти името на политичарот што му вршел притисок, веројатно за некаква продажба на националните македонски интереси. Професорот никогаш не одговори, па може логично да се заклучи дека притисокот доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во однапред предвидениот термин да се поднесе оставката меѓу споменатите два изборни круга на локалните избори.

Владиниот селектор Христијан Мицкоски го соопшти новиот македонски тим за претстојните разговори со бугарските историчари. Добар потег на селекторот, меѓу избраниците се повикани и двајца експерти со највисоки историски „тапии“ од стариот состав на тимот.
Првиот, професорот Александар Литовски, по истекот на двогодишниот мандат не доби продолжување од претходниот селектор Зоран Заев, а вториот, пак, професорот Ванчо Ѓорѓиев, си поднесе оставка меѓу двата изборни круга на последните локални избори, поради, како што изјави, политички притисоци од тогашната владејачка партија.
Квалитетен избор на селекторот. Со своето знаење и уверување во историските факти, и двајцата професори ќе бидат вистински столб за историјата на македонскиот народ во последните векови (нивна специјалност).
Ме радува што во случајот на Александар Литовски, новиот селектор ја исправи грешката на стариот – тој заслужува да биде стандарден првотимец на нашиот тим. Искрено, очекувам да продолжи, како порано, со своите инспиративни колумни на страниците на „Слободен печат“.
Што се однесува до изборот на професорот Ванчо Ѓорѓиев, може кусо да се прокоментира – наградата пристигна! Се врати во комисијата и, патем, ја доби и капитенската лента (претседател на Историската комисија)!
Сега, со право може да се постави прашањето: кој тоа му вршел притисок на професорот Ванчо Ѓорѓиев меѓу двата изборни круга на последните локални избори?
Тогаш, на страниците на „Слободен печат“ го замолив професорот да го соопшти името на политичарот што му вршел притисок, веројатно за некаква продажба на националните македонски интереси.
Професорот никогаш не одговори, па може логично да се заклучи дека притисокот доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во однапред предвидениот термин да се поднесе оставката меѓу споменатите два изборни круга на локалните избори.
Се разбира, тоа е само претпоставка, па професорот може веднаш да ја демантира оваа „лажна конструкција“. Но професорот, сепак, пред да седне и да ја демантира мојата претпоставка, да не заборави дека – „цело е кога има сè“.
Навистина, кој тоа на новиот капитен на македонскиот историски тим пред две години му вршеше политички притисок, па еве професоре по вторпат: Името, ве молам!
Професоре, не заборавајте – „цело е кога има сè“. Линк

Текстот е сопственост на Слободен печат

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.