Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професорот Калајџиев го демантира премиерот Мицкоски

0
By Zoran Ivanov on October 28, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Универзитетскиот професор и сега веќе поранешен член на Комисијата за помилување, Гордан Калајџиев тврди дека Комисијата не призна грешка како што изјавии премиерот Христијан Мицкоски, туку дека се држи до принципи. Ова, пренесува Локално.мк, е објавено како коментар на неговиот Фејсбук-профил.

Премиерот претходно рече дека целата одговорност ја гледа во Комисијата и вели дека членовите ја констатирале грешката и постапиле доблесно со тоа што поднесоа оставка.

Жив човек кој што работи, знае и да погреши. Кога ќе се констатира грешката ако се преземе одговорност, тогаш тоа е и доблесно и јас така можам да ја коментирам одлуката на членовите на Комисијата која што се занимава со теми од областа на помилувањето. Констатирана е очигледно грешката и единственото нешто што тие го имаат како морален чин тоа е да се повлечат и тоа и го направија, така што очекувам тука да се затвори таа тема во јавноста, изјави вчера Мицкоски.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прифати оставките на членовите на Комисијата за помилување кои си поднесуваат колективна оставка од позициите. Одлуката прв ја соопшти Калајџиев.

Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи“ж, се вели во објавата на професорот.

Од Кабинетот на претседателката велат дека во следниот период ќе бидат извршени консултации за новиот состав, но и за институционалните и законските слабости кои постојат во системот за помилување на осудените лица.

Министерот за правда, Игор Филков предложи освежување во комисијата за помилување. Според Филков, последното кратење на казни за осудени лица станало предмет на политички игри и препукувања, иако, помилувањата, како што вели, се важна работа за државата. Смета дека наместо повторен суд од јавноста, веќе осудените треба да се упатат на ресоцијализација.

Ваквите реакции доаѓаат откако Комисијата достави листа за помилување на 23-ти октомври, за 10 осудени лица. Нивните имиња предизвикаа лавина реакции во јавноста. Еден од нив е Акиф Равманоски, кој е член на криминална банда, а кој веднаш откако беше помилуван повторно беше вратен зад решетки, поради сомнеж за обид за убиство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 1, 2025

Хамас побара дополнителни објаснувања од посредниците во врска со американскиот план за завршување на војната…

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.