Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на еколошки здруженија пред Уставниот суд во Белград поради проектот „Јадар“ за литиум

0
By Marija Todorovska on July 11, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белград: Неколку еколошки организации кои се противат на отворањето рудник за литиум во долината Јадар во западна Србија се собраа денеска на протест пред Уставниот суд во Белград, по повод судската седница за разгледување на иницијативата на компанијата „Рио Сава“ за оценка на уставноста на одлуката на Владата на Србија, со која пред две и пол години беше стопиран проектот за експлоатација и преработка на минералот јадарит „Јадар“, јави дописникот на МИА од Белград.

На протест повика здружението „Не го даваме Јадар“, кое го сочинуваат жители на Горње Недељице и околните места кај Лозница, каде е планирано отворање на рудникот. Златко Кокановиќ од здружението „Не го даваме Јадар“ на насобраните им порача дека ќе побараат прием во судот за да ги прашаат дали за денеска е закажана седница на кој ќе се одлучува за проектот Јадар, дали е покрената некаква иницијатива, кој ја поднел и до каде е пристигната.

Активистите поднесоа барање до судот да ги добијат и сите иницијативи на компанијата „Рио Сава“ и иницијативите поврзани со уредбата со која беше стопиран проектот „Јадар“. Насобраните кои чекаа да бидат примени во судот за да дознаат дали седницата на Уставниот суд се одржува денеска од портирот им било соопштено дека никој нема да ги прими, по што порачаа дека протестот продолжува се додека не ги добијат информациите.

Пред Уставниот суд насобрани се неколку стотици граѓани кои извикуваа „Рио Тинто нема да копа“, а им се приклучија опозициските политичари Александар Јовановиќ Чута од Еколошкото востание и Зоран Лутовац и Срѓан Миливојевиќ од Демократската партија(ДС).

Пред повеќе од две години, Владата на Србија, на чело со тогашната премеирка Ана Брнабиќ, го стопираше проектот по масовните протести и ги откажа лиценците на австралискиот рударски гигант „Рио Тинто“.  Но, на 22 јуни 2024 година, Брнабиќ изјави дека би било „ненормално“ доколку Србија се откаже од ископувањето на литиум и дека земјата има строги и високи стандарди за заштита на животната средина.

Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека рудникот би можел да биде отворен во 2028 година.

Мултинационалната компанија „Рио Тинто“ имаше намера да отвори рудник за литиум во долината на реката Јадар во западна Србија.  Таму во 2004 година оваа компанија ја откри рудата „јадарит“ – комбинација од литиум и бор, а резервите на овој метал на светскиот пазар во Србија се проценуваат на над 158 милиони тони.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.