Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пу, пу, не важи!

0
By Zoran Ivanov on January 6, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Цели триесет години и згора се бориме со меѓународната и, главно, најголемите битки со тешки оштетувања некако ги добивме. Не е лесно да влечеш за напред, да ги исполнуваш условите што големите западни сили ги бараа од нас и тоа да го влечеш со тешки тегови на грбот (ВМРО-ДПМНЕ), кои во одредени периоди толку натежнуваа, што државава се закопуваше во место, немаше напредок.

Ана Пановска

Е, веќе ми се смачи од говоранциите на премиерот Мицкоски во врска со нашето патување кон Европа, онаа Европа која личи како една бела погача, во која како да фали едно парче, една десетинка, отприлика. О, па тоа е Западен Балкан! Тука е!

И тоа делче од погачата го има, нема кај да биде. Само тоа парче како да е направено од некое чудно тесто, некако бајато, тврдо, не се меси и не се обликува, едноставно се рони!!! Од него ништо не може да се направи.

Додуша, некои делови од тоа тврдо, нестасано тесто во меѓувреме омекнуваат, нараснуваат, пораснуваат и полека се прилепуваат до тестото од големата погача, која е сѐ уште поткршена, нецелосна − Европа без Западен Балкан!

Сега да не ги редам кои се тие делови што отидоа напред, битно е дека: НИЕ НЕ СМЕ!!! Тоа се оние држави, де, без гордост. Ние не сме таа сорта, не се даваме некој да нѐ меси, да нѐ обликува. Ние сме горди, непопустливи, тврди… и ронливи.

Таков ни е табиетот, а и табиетот на нашиот амбициозен премиер кој се занесува дека ќе успее со својот авторитет да ја застраши Европа, да ја преобрати, да ја превоспита, да ја просветли и да ја омекне и да се сожали над нашата тешка судбина. Судбина што единствено само нас нѐ снашла!?!

Демек, ниту една друга држава во светот не правела такви отстапки и такви жртви како нашава Македонија при обидот да го изоди својот евроатлантски пат. Оф леле! Да беше татко ми жив ќе речеше „секоја планина, својата тежина“!

Ништо не зннаеме

Сите држави си имале некаква мака и во нивното минато правеле секакви отстапки и жртви. Разликата со нас е што ние тие отстапки и „жртви“, поради нашето епско комитско чаламење, моравме да ги направиме во кратко, згуснато време од само триесетина години и тоа без поголеми потреси и без човечки жртви.

Кај други држави во одредени периоди се одвивале далеку пострашни историски погроми, се воделе долгогодишни исцрпувачки војни со огромен број жртви, со палежи и уривања на цели села и градови, со губење територии. Но, тие си знаат низ што поминале.

А ние? Што знаеме? Дури сега, ептен, ништо не знаеме. Откако Мицкоски им постави „ултиматум“ од неколку точки на европските политички претставници, дека без гаранции нема шанси да ги внесе Бугарите во Уставот и дека, ако нема гаранции, тогаш условот што им го поставува цело време е овој: уставните измени да бидат со одложена примена до денот на официјалниот прием на Македонија во ЕУ.

И си реди така Мицкоски разни прикаски; се борел, како што раскажува пред македонската јавност и околу другите „нерешени прашања“од страна на ЕУ: македонскиот јазик и македонскиот идентитет!

Е, за ова последново убедена сум дека нѐ матка и дека не се дрзнал да им приговори ништо на Европејците зашто тие одлично знаат што сработиле и дека македонскиот јазик и идентитет го имаат претходно целосно решено без никаква задршка.

Затоа мислам дека тој, сепак, таквата прикаска ја употребува само дома, се разбира за оние симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои слепо веруваат во неа.

Нови услови

Цели триесет години и згора се бориме со меѓународната и, главно, најголемите битки со тешки оштетувања некако ги добивме.

Не е лесно да влечеш за напред, да ги исполнуваш условите што големите западни сили ги бараа од нас и тоа да го влечеш со тешки тегови на грбот (ВМРО-ДПМНЕ) кои во одредени периоди толку натежнуваа што државава се закопуваше во место, немаше напредок.

Но, секогаш кога ќе ѝ дожежеше, кога ќе се видеше слаба и осамена, Македонија ќе се навратеше на условите на меѓународната кои по извесно одминато време и не ѝ се чинеа толку страшни.

Арно ама, таа, меѓународната, дури чекала се премислила: „Пу, пу, не важи! Сега има друг услов!“ Каков? „Република Северна Македонија“, и тоа и за надвор и за дома. Ау, овој е полош предлог од претходниот. Ќешки да го прифатевме оној „Република Македонија (Скопје)“, и тоа само за странчиштана. Дома ќе си се викавме како ни чини.

Гледајќи сега како се однесува владава на Мицкоски, како допушта времето неповратно да нѐ гази, без резултати и само со празни патриотски пароли, се плашам дека по некоја година ќе си речеме: „Ту, ќешки да прифатевме тогаш да ги ставиме Бугарите во Уставот“, можеби не ќе нѐ снајдеше ова…?

Текстот е сопственост на Фокус.мк

ана пановска колумна фокус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.