Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин како Карло Велики

0
By Biljana on April 2, 2022 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Војната во Украина на Балканот се следи како фудбалски натпревар. На едната трибина се оние кои го поддржуваат Путин на другата оние кои се на страната на Украинците. Социјалните мрежи се полни со многу емоции, говор на омраза и малку разум за овој “натпревар” чиј исход неизбежно во блиска иднина овие страсни навивачи ќе ги внесе на самиот терен како играчи неспремни за игра бидејќи на стадионот дошле само за забава што историјата нема да им ја прифати како изговор и од нив ќе побара да го завршат мечот како главни играчи. Затечени во арената ќе се најдеме пред избор или да завршиме како гладијатори кои ќе се истребат до последен или во убава спортска фер плеј манифестација која ќе заврши со бетовеновата “Ода на радоста “.

Како се одвиваат работите на фронтот изгледа дека нервозата во Москва притисната од санкции, изолација и спор напредок на нејзината армија на теренот брзо ќе расте кон нервен слом на кој ќе ја наведе да се дофати до разни алтернативни орудија кој ќе го дисперзираат фронтот низ континетот со цел да ја зголемат вредноста на нивната преговарачка позиција. Едно од нив се бројните инсталации во овој регион. Дел од нив активно работат веќе неколку години, но сега би се ангажирале и бројните “спијачи” задолжени за кризни ситуации. Кремељ очигледно во изминатите години користејќи ја дезориентираноста на Европа си изгради ефикасна инфрастуктура која сега се препознава во стотиците опскурни медиуми кои интензивно ја шират риската пропаганда во однос на војната во Украина, но и добро познатите руски наративи насочени кон афирмација на балканските атавизми. Познатите инсталации и се уште не видливите спијачи ја чекаат наредбата од Кремељ да ги активираат сите потецијали на бројните фрагилни точки во Босна, Србија, Косово, Црна Гора и Македонија. За ова сценарио сите коцки се наместени чека само на активација. За илустрација во Македонија вртоглаво опаѓа поддршката за ЕУ и според истражувањето на Институтот за демократија расте поддршката за Евроазиската економска заедница на Путин за која никој ништо не знае но чист револт поради изневерените ветувања на ЕУ ги подржува овие иницијативи. Конфузијата на ЕУ во однос на регионот, слободниот пад на најзиниот кредибилитет е соврешена хиперсонична ракета која Европа му ја дава гратис на Путин.

Втората опција е ЕУ да го искористи овој неочекуван шок од војната во Украина која ја натера конечно да сфати дека нејзината комфорна зона е одамна во хаос кој се заканува да ги уништи темелите на европската конструкција. Ова неочекувано будење на Европа се уште не знаеме дали ќе продолжи со мамурлук поради долгиот сон или со брзо напуштање на позицијата на која и се руши тлото под нозете. Путиновата дрскост и агресивност би требало да бидат последното предупредување дека е нужно итно ревитализирање на фундаметелни вредности кои ја подигнаа Европа од пепелот на Втората светска војна како и сите познати механизми за траснформација на општествата каков што беше процесот на проширувањето во почетокот на новиот милениум. Неочекуваното единство во ЕУ кое го предизвика Путин би требало да резултира со брзо изолирање на се побројните демагошко популистички политички структури низ цела Европа и особено на Балканот кои керозинот за својот погон го снабдуваат од се понеефикасната ЕУ како во однос на нејзините граѓани така и надвор од нејзините граници.

Балканот е сцената на која се отрки деградацијата на европските вредности, но во актуелните констелации Балканот би можел да стане и сцена на која ЕУ повторно ќе се пронајде себе си и сопствените вредности. Со оглед на се понепредвидливиот развој на ситуацијата во Украина јуни се чини како последна шанса Европскиот совет да донесе одлука за старт на преговори за Албанија и Македонија, интензивирање на преговарачките процеси пропратени и политичка воља за брза интеграција на регионот. Звучи цинично и парадоксално, но во отсуство на европско лидерство Путин сосема случајно и спротивно од неговиот план да биде Карло Велики на 21 век.

Борјан Јовановски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.