Пекинг: Рускиот претседател Владимир Путин неделава ќе отпатува за Кина, прва странска дестинација од својот петти мандат.
Дводневната посета е навестена за в четвртоки и е на покана на кинескиот претседател Шји Џјинпинг.
Изборот на Кина за негова прва дестинација по реизборот во март ги нагласува блиските врски меѓу двете нуклеарни сили и постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Откога Москва ја почна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година и воведувањето на западните санкции, Русија е во голема мера меѓународно изолирана.
Кина не ја осуди агресијата туку зазеде неутрален став.