Во борбени услови, беше извршен тест на еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел. Во овој случај, тестот беше извршен со ненуклеарна хиперсонична верзија на балистичка ракета, изјави рускиот претседател.
Путин уште рече дека руските сили во чевртокот во градот Дњепропетровск искористиле хиперсонична балистичка ракета без нуклеарно оружје и дека успешно била погодена фабриката „Јужмаш“, еден од најголемите индустриски комплекси од советската ера.
Рускиот претседател, јавуваат светските агенции, се закани дека во случај на ескалација на војната во Украина, Русија ќе одговори одлучно..
Тој го обзнани и името на ракетата како „Орешник“ и, во телевизиското обраќае, уште рече и дека дека современите системи за противвоздушна одбрана не можат да ги пресретнат овие ракети, бидејќи тие напаѓаат цели со брзина од 10 маха, односно 2,5-3 километри во секунда.