Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рамнодушност и општество во распаѓање  

0
By Zoran Ivanov on September 1, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова се рефлексии за општественото распаѓање, бесмисленоста на надежта и неизбежната индиферентност кон системските неуспеси на институциите и членовите на оваа административна заедница или држава, како сакате. Празнина што го дефинира колективното искуство. Од највисоките места на моќ до секојдневните интеракции, општеството е заробено во бескрајна спирала од примитивно однесување, насилство и илузионизам, неспособно – или неволно – да се ослободи и да престане со децениското бегање од вистината.

Џабир Дерала

Можеби се годините, можеби искуството сосе годините, не знам, но кога ја гледам оваа земја веќе не можам, како порано, во себе не наоѓам ни цинизам, уште помалку огорченост или револт. Не сум дури ни разочаран. Тоа е можно само кога човек во себе има барем трошка надеж дека нешто може или би можело да биде подобро. Почнав да прифаќам дека некои болести се едноставно неизлечиви. Особено кога болеста е масовна како епидемија.

Не само што луѓето на „високи места“ не знаат или не можат, тие и не сакаат да се откажат од лагите, насилството и примитивизмот. Кога велам „високи места“ мислам на сите кои носат некакви одлуки или можат да влијаат на ставовите на луѓето. Од училница или универзитетски амфитеатар до фирма или фабрика, од судница до академија на науките, од партиски клуб во локална прчварница до парламентот и кабинетите на најодговорните државни функционери.

Бескрајно простачко надмудрување, крадење пари и идеи, трошење на туѓото време, уништување на креативноста, забивање нож во грб и – најмногу од сѐ – трошење бескрајно многу ресурси (јавни и позајмени и донирани) за градење илузии што се потенки и попроѕирни од меур од сапуница. Целото општество – администрација, академија, медиуми, граѓанско општество, бизнис, институции, држава, процеси, области, сектори, набројте што сакате (историја, култура, естрада, политика) – се како трупец од скапано дрво поставен на тенки стаклени ногарки, а сакаат да остават впечаток дека се скулптури од Роден или Донатело.

Усмрдена провинција населена со хуманоидни крави и волови чии вилици вредно штракаат низ росните ливади полнејќи ги своите утроби, а потоа преживаат во својата бесконечно празна дремка на добиток. Опкружени со смрдливите испарувања од сопствениот измет од живот.

Не сакам да верувам дека се толку глупави да не знаат дека се само обични серковци. Барем во некој зафрлен агол на неразвиените тапи мозочиња трепка сијаличка која им кажува колку се ништожни и колку се неспособни да направат барем една пристојна илузија, ни за селски циркус.

Усмрдена провинција населена со хуманоидни крави и волови чии вилици вредно штракаат низ росните ливади полнејќи ги своите утроби, а потоа преживаат во својата бесконечно празна дремка на добиток. Опкружени со смрдливите испарувања од сопствениот измет од живот.

Тука нема ништо што може да предизвика емоции. Апсурдно е да се биде огорчен на крава или вол, да се гледа со цинизам или револт на нивното однесување или на реата од тоа што го исфрлаат од мозокот или задниот дел од телото, откако ќе талка низ 45 метри долгите црева. Можеби некогаш само гадење, мачнина од остриот мирис на смртта на мислењето како такво.

Им се извинувам на кравите и воловите што ги издвоив за да ја направам оваа илустрација за рамнодушноста. Исто така, му се извинувам на Институтот за добробит на животните и сличните на нив. Мојата одговорност за овој текст немаше да биде помала ако наместо крави и волови за споредба земев риби, инсекти или алги. Географски, не сум сигурен дека ова се однесува само на „нашата“ земја, веројатно можам да направам слична споредба и за целиот регион и неколку десетици земји низ светот.

Не се извинувам ако некој мисли дека ова е навредлив текст. Некој може да го доведе ова и во врска со општествената апатија. Сеедно ми е. Можам и некоја сочна пцовка да кажам овде, но нема, затоа што рамнодушните немаат потреба да пцујат.

Текстот е сопственост на Цивил медиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.