Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ребаланс на буџет – се крати кај студентите, а се додава кај пензионерите

0
By Zoran Ivanov on July 19, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ирена Чачкова

Над 100 милиони евра плус ќе се слеат од буџетот во ПИОМ за да може да функционира. Од документот за прекројувањето на државната може да се види дека претходно за оваа ставка во буџетот имало 1,78 милијарди евра, а сега сумата се зголемува на 1, 89 милијарди евра. За овој фонд граѓаните со години имаат лоша слика.

Новата Влада одлучи да ги зголеми и  пензиите, тоа беше едно од предизборните ветувања, кое повлече плус 80 милиони евра на оваа ставка.

Од ребалансот може да се види дека  некои од министерствата ќе добијат повеќе, а некој помалку пари.

Се крати кај Министерството за одбрана, кај здравство, финансии, во транспорт. Помалку пари има и за Оперативно техничката агенција позната како ОТА, за Агенцијата за национална безбедност или како што се нарекува во јавноста АНБ. Се крати и од кај Влада. Наместо со 84, 3 ќе располага со 64 милиони евра.

Помалку пари има и за Министерството за економија кај кое се додава труд, а скратените пари се префрлаат во новото Министерството за енергетика. Исто така, во ова министерство влегуваат и парите за гасификацијата.

Повеќе пари има за претседателот на државата, за собранието, за МВР, Државниот завод за ревизија.

Од документот може да се види дека се преполовува износот за изградба на Клинички центар во Скопје и Штип.

Помалку пари ќе има и за медицинска опрема во јавните здравствени установи. Во рамки на оваа програма опфатени се активности за набавка на неопходна медицинска опрема со која би се овозможил  подобро здравство за граѓаните со обезбедување на подобри услуги, дијагностика и престој во дневни болници.

И за болницата во Кичево се извојуваат помалку средства, а се крати и онака малата сума за изградба на амбуланти во рурални средина. Помалку пари ќе има и за изградба и реконструкција  на студентски домови.

Новата влада планира да собере 5, 2 милијарди евра да потроши 5, 8 милијарди евра. На домашен  планира да се задолжи со државни хартии од вредност за дополнителни 250 милиони евра, а на надворешен од првично планираните 700 милиони евра сега задолжувањето ќе биде близу 800 милиони евра.

Јавниот долг ќе расте на загрижувачки  68, 2 од БДП кои се намалува од 3, 4 на 2,1 процент. Ребалансот на буџетот треба да помине во собранието најдоцна до првата недела од август. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.