НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Регионот и Северна Македонија се интересираат за средствата од Планот за раст, а ВМРО-ДПМНЕ и натаму е во “Open Balkan” mode

0
By Zoran Ivanov on October 7, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политиката на ВМРО-ДПМНЕ кон „францускиот предлог“ е предвидлива – замислата дека Мицкоски може да го уценува Брисел со блокирање на интеграциите на Северна Македонија е прочитана (уште пред изборите) и осуетена со одделувањето на Тирана и Скопје на патот кон Брисел.

Ивон Величковски

Денес ги проследивме приоритетите на Вучевиќ во разговорите со Мицкоски во кои доминира Коридорот 10 со брза пруга и гасна рута за снабдување на Србија (и Унгарија).

И „како што е ред во Скопје“ кое за свое мислење чека на Белград, од средбата разбравме дека тие и формално станале приоритет за Владата на Северна Македонија:

– Брза пруга што треба да чини (конзервативно) минимум половина државен буџет и

– При некомплетирана гасна интерконекција со Грција, Владата веќе проектира транзит за други земји, оти не го користиме капацитетот на гасоводот.

Интересно е како Владата замислува земјата да користи повеќе гас, кога во Северна Македонија се уште недостасува секундарната гасификациска мрежа (вклучително за производните компании), да не зборуваме за пристап на домаќинствата до овој енергенс.

При полни усти жалење дека РЕК-от мора да увезува јаглен за производство на струја (со премолчување дека и натаму ќе ги труе битолчани и цела Пелагонија), Владата полна „енергетичари“ не спомнува ништо за трансформација на производството во РЕК што би ја поевтинило цената на струјата; напротив, приоритет за (Владата на) ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН е гасното поврзување на север?!

При Коридор 8 кој е далеку од комплетиран, по денешната билатерална средба на северномакедонскиот и српскиот премиер е јасно дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН повеќе се грижи за нова (брза) пруга по коридорот 10 кој и автопатски и железнички е комплетен (и за тоа е подготвена да оддели средства што ги нема), додека се поништуваат тендери за коловозно и шинско поврзување со Албанија и Бугарија.

За тоа време, Владата не кажува ниту збор за неколку прашања поврзани со средствата од Планот за раст на Европската комисија.

Со кои проекти Владата на Северна Македонија настапува пред Европската комисија за да обезбеди финансирање на проекти од интерес на граѓаните, бизнисот и институциите од 800-те милиони евра определени за РСМ?

Дали има три нови мерки за сите држави од Западниот Балкан со кои шесте земји ќе треба да се усогласат, вклучително институциите на Северна Македонија и конкретно Владата?

Во однос на претходното прашање, дали една од мерките од кои е условен пристапот до средствата од ЕУ е буџетски мониторинг?

И дали условеното повлекување средства од Планот за раст со завршување на обврските за кои средствата се наменети е причина зошто за Владата на Мицкоски се поатрактивни владини заеми од Унгарија со кинеско потекло одошто европски средства со јасна намена и мониторинг?

Уште поконкретно, при недефинирано финансирање на двата проекти за кои разговарале Вучевиќ и Мицкоски и при критичен јавен долг што држава со ваква демографија, економија и производна структура се потешко ќе го сервисира – какви се импликациите на билатерално усогласените проекти по буџетот на Северна Македонија?

И најконкретно, колку тоа ќе биде пречка за натамошно финансирање (на инфраструктурни проекти) од европски извори и меѓународни финансиски инструменти кои подразбираат темелен надзор?

Веројатно затоа во медиумите на македонски јазик нема збор за неформалните сознанија во регионот (од извори запознати со преговорите меѓу земјите од Западен Балкан со ЕК) дека се подготвува конференција на членови на Европската Комисија и претставници на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора.

Прашањето е како овие обврски што денес се проектирани со билатералната средба на премиерите на Србија и Северна Македонија ќе се вклопат во искористувањето на средствата од Планот за раст – 800 милиони евра од шест милијарди за регионот, дел поволни кредити – дел грантови?

Односно од што Северна Македонија ќе треба да се одрече за проектите што ги разговараа Вучевиќ и Мицкоски кои не се од витално транспортно, енергетско и економско значење за нацијата?

Во услови на ограничени можности за задолжување под поволни услови од меѓународните и европските финансиски институции, вистинското приоритизирање на финансиите е еднакво значајно како и борбата со корупцијата. За сега, Владата потфрла во обете сфери. Очекувано.

Затоа, спротивставувањето на штетната ориентација на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за вклопување во инфраструктурните политики на Србија и Унгарија, кои повеќе го следат Патот на свилата одошто транспортно-енергетските коридори од европски и евроатлански интерес, не е прашање на симпатија кон народи или држави, туку – на национален интерес.

Имено, ниту една од овие земји не го полни буџетот на Северна Македонија со грантови и безповратни средства. За нив чекаме на ЕУ и САД, било за административен капацитет, било за инфраструктурни проекти, било за одбрана.

И „види чудо“ – во моментот кога ЕУ решава да воведе мониторинг на тоа како се трошат европските пари во приближувањето на земјите-кандидати кон Унијата – евро-интеграциите станаа неатрактивни за Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејќи со Планот за раст Брисел реши парите во регионот да одат во проекти од интерес за граѓаните, а не да им ја препушти распредбата на парите на хибридните режими или партиите за инвестирање во корупција и во подривање на владеењето на правото што регионот од Дрина до Вардар го направи „мезе“ за влијанија на Москва и интереси на Пекинг?

Оттука и политиката на ВМРО-ДПМНЕ кон „францускиот предлог“ е предвидлива – замислата дека Мицкоски може да го уценува Брисел со блокирање на интеграциите на Северна Македонија е прочитана (уште пред изборите) и осуетена со одделувањето на Тирана и Скопје на патот кон Брисел.

Едноставно, пораката е „ниту некој ве уценува, ниту вие може да уценувате“. Уште поедноставно: ЕУ не е формирана со уцени, туку со повисока цел и принципи.

Затоа и Унгарија не го блокираше одделувањето на Албанија и Северна Македонија, туку гласаше „За“ консензуалната одлука во Брисел.

А тоа што Орбан и Вучиќ си имаат корисна алатка за своите политики во гарнитурата на ВМРО-ДПМНЕ (ЗНАМ и ВЛЕН) во „Илинденска“ 2 – тоа не е нивен, туку наш национален проблем.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.