Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ремзи Бајрами избран за претседател на Советот на експерти на МАПАС, според Тренчевска тој не ги исполнува условите

0
By Marija Todorovska on May 14, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието во рамките на денешната работа по дневниот ред на 48-та седница со 60 гласа „за“ и 21 „против“ го именува Ремзи Бајрами за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Тој доаѓа на местото на Максуд Али кој беше разрешен со 58 гласа „за“ и 18 „против“.

Пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ во своето обраќање рече дека судбината на 600 илјади лица кои во следниот период треба да добиваат пензија треба да се стави во рацете на Ремзи Бајрами, кој не ги исполнува условите.

Некој без експертиза и без знаење треба да одлучува за нивната судбина. За член на Советот може да биде избрано лице кое е експерт во областа на пензиското осигурување со работно искуство од најмалку пет години во областа на пензиското осигурување или во областа на финансиите. Кандидатот кој се предлага дипломирал во септември 2021 година и не го исполнува основниот услов за пет години работно искуство, рече Тренчевска.

Во реплика пратеникот Аднан Азизи од ВРЕДИ рече дека говорот на Тренчевска е политички мотивиран и нема ни еден аргумент и додаде дека Бајрами ги помина сите филтри во Владата и оти ги исполнува сите предвидени законски услови што може да се види од неговото ЦВ.

Јован Митрески од СДСМ посочи дека предлогот еднаш беше повлечен, а сега повторно се става на дневен ред иако предложениот кандидат не ги исполнува условите.

Според закон треба да исполнува минимум пет години искуство во областа, а според дипломата што ја приложил во ЦВ-то, дипломирал во 2021 година со многу низок просек од 6,44, односно со 26 шестки од вкупно 31 предмет. Доставил и документ дека пред да дипломира вршел финансиски и сметководствени работи во приватна фирма Тајгер Шоп и Блек Тајгер Шоп, односно онлајн продавница. Сега ќе треба да се грижи за идните пензии, рече Митрески.

Побара да му најдат место кое му одговара, а не да го назначуваат на ова одговорно место.

Азизи во реплика посочи дека Бајрами има завршено два факултета од кои првиот го завршил во 2009 година. Истакна дека многу подобро ќе раководи од претходниот претседател Максуд Али.

ремзи бајрами
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025
ФОКУС

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

ВЕСТИ October 14, 2025

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ е најбогата со донации, барем ако се гледаат првите 10 денови од кампањата…

Прогласени лауреатите на наградата „Европско наследство“ за 2025 година 

October 14, 2025

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
ТИКЕР

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.