Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ројтерс: Американците и Русите се состанувале во Швајцарија со месеци на разговори за Украина

0
By Zoran Ivanov on February 21, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претставници на САД и Русија се состанале во Швајцарија на неформални разговори за војната во Украина во последните месеци, од кои последниот бил минатата недела, изјавија три извори за Ројтерс.

Иако учесниците во овие разговори имаат искуство во дипломатската и безбедносната сфера, тие не се владини функционери и засега не е јасно дали се испратени од влади, велат два анонимни извори.

Тие ги опишаа разговорите како спореден канал, со воспоставени контакти за време на периодот на транзиција на власта по победата на американскиот претседател Доналд Трамп на изборите на 5 ноември.

Не се познати деталите од разговорот.

Најмалку неколку советници на Трамп знаат за овие разговори, изјави еден од изворите директно инволвирани во оваа работа.

Други детали за овие средби не се познати, вклучително и дали имало Украинци, кога точно почнале состаноците и кои биле темите.

Овие досега необјавени состаноци се показател за напорите зад сцената на САД и Русија да ги истражат начините за ставање крај на војната во Украина и покрај речиси замрзнувањето на официјалните контакти во времето на претходникот на Трамп, поранешниот претседател Џо Бајден.

Трамп кој е на функцијата само еден месец, го смени американскиот пристап кон тригодишниот конфликт во Украина, иницирајќи разговори директно со рускиот претседател Владимир Путин.

Високи американски претставници во вторникот се состанаа со руски официјални претставници во Саудиска Арабија, вклучувајќи го и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Швајцарското Министерство за надворешни работи изјави за Ројтерс дека било информирано за разговорите.

Овие активности помагаат во поддршката на дипломатските напори поврзани со конфликтот, соопшти Министерството.

Два извори рекоа дека најмалку една средба се одржала минатата недела во Женева за време на Минхенската безбедносна конференција.

 

швајцарија русија сад средби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.