Казан: Рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на самитот на организацијата БРИКС кој почнува денеска во градот Казан.
Форумот, на кој ќе учествуваат 24 шефови на држави и влади, Путин го смета за дел од иницијативата за создавање нов светски поредок за ставање крај на доминацијата на САД. Средбата ќе трае до четврток.
Меѓу поважните гости се издвојува кинескиот претседател Си Џинпинг. Ќе присуствуваат претставници од вкупно 32 земји.
На оригиналните членки на БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – неодамна им се приклучија земји како што се Обединетите Арапски Емирати, Египет, Етиопија и Иран. Статусот на Саудиска Арабија се уште е нејасен.
Русија, која е ротирачки претседавач со организацијата, најави дека Саудиска Арабија ќе биде примена за членка на почетокот на годината, но се уште нема потврда од Ријад, а самото кралство на состанокот ќе го претставува странски министер.