Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија почна производство на модуларни засолништа од различни закани па и од нуклеарни

0
By Zoran Ivanov on November 19, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Русија првпат започна масовно производство на мобилни засолништа од модуларен тип КУБ-М, кои можат да се користат за заштита на луѓето од различни закани, вклучително и светлосно зрачење од нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација на областа.

Во Руската Федерација започна сериското производство на иновативната модуларна заштитна структура КУБ-М. Процесот на производство започна во градот Џержинск, кој се наоѓа во регионот Нижни Новгород, се вели во пораката на веб-страницата на рускиот истражувачки институт за цивилна одбрана и вонредни состојби.

Се наведува дека овој настан е резултат на долгогодишно истражување и напори на научници и експерти во областа на заштитата на населението и териториите од вонредни ситуации.

Почетокот на сериското производство на модуларното засолниште претставува важен чекор кон зголемување на безбедноста на граѓаните Во иднина, ваквите случувања ќе доведат до создавање на нови ефективни системи за заштита на населението, резимира Серускиот истражувачки нститут за цивилна одбрана и итни случаи, ВНИИ ГОЧС.

Претходно, научниците од институтот развија модуларен мобилен засолниште КУБ-M за заштити на луѓето не само од светлинското зрачење по нуклеарна експлозија, туку и од радиоактивна контаминација на областа.

Основниот пакет на КУБ-М вклучува два модула: простории за заштита на 54 лица и технички блок. Капацитетот на засолништето може да се зголеми со инсталирање дополнителни модули.

Оваа објава дојде само неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин ја потпиша ажирураната нуклеарна доктрина со намален праг, во прв ред како одговор на одлуката на САД да ѝ дозволат на Украина со ракетите со долг дострел кои му ги испорачуваат на Киев да гаѓаат цели длабоко во внатрешноста на Русија.

Тоа се дожувува како остра ексалација на војната во Украина, но и на американско-руските односи, откако во неделата американските медиуми ја објавија таквата одлука на Вашингтон, во некои земји сојузнички на САД во Европа започнаа инспекции на подземните засолништа, како и емитуввање препораки за заштита на населението од природни катастрофи, но и од масивни ракетни и нуклеарни удари.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

ВЕСТИ October 2, 2025

Десетици илјади демонстранти маршираа низ улиците на француските градови денес, послушајќи го повикот од синдикатите…

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.