Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руската воена пропаганда ги сатанизира и Олимписките Игри

0
By Marija Todorovska on August 1, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Руската воена пропаганда против Западот и Олимписките игри како форма на „сатанизам“ проби и во некои македонски медиуми, а и на социјалните мрежи.

Нападот на Олимписките игри во Париз со изразите „сатанизам“ и „сатанистички“ е дел од непријателската пропаганда на Путин против Западот, особено по руската воена агресија врз Украина во 2022 година. Руската милитантна пропаганда дека Западот е западнат во „сатанизам“ стана и официјална догма на Руската православна црква (РПЦ), која се претвори во воено-пропагандна алатка на Путиновиот режим. И Олимписките игри, и Париз, и Франција, и Западот повторно стануваат мета на оцрнувачка руска пропаганда со религиозни дезинформации и медиумски манипулации.

Русија и нејзината пропагандна „света војна“ против „сатанизмот“

Во официјалната доктрина на РПЦ од 2024, Путиновата „специјална воена операција“ е прогласена за „Света војна“, во која Русија и нејзиниот народ, не се претставени како агресори кои ја напаѓаат и освојуваат Украина, туку како бранители на единствениот духовен простор на Света Русија.

Агресорот Русија, во воено-црковната пропаганда се себепретставува како исполнувач на мисијата на „катехон“ («Удерживающего»), како заштитник на светот од натискот на глобализмот и од победата на Западот (западнат во „сатанизам“).

Пропагандните наративи за Путиновата Русија (како „катехон“ или „Третиот Рим“), која има мисија да го спречи конечниот триумф на злото и доаѓањето на Антихристот, се ширеше и продолжува да се шири во најразлични форми и во балканските и во македонските медиуми.

Дугин: Русија е во војна со Антихристот, „со сатаната, со Западот, со Олимписките игри“

Еден од идеолозите на „светата“ војна против „сатанистичкиот“ Запад е Александар Дугин, кој со години го пропагира не само концептот „Катехон“, туку и концептите „Третиот Рим“ и „Евроазија“, како и „Рускиот свет“. Не случајно во пропагандниот филм „Катехон: Русија против антихристот“, Александар Дугин е прв говорник кој ги објаснува значењата на изразите „Рускиот свет“ и „Третиот Рим“. Во филмот, Русија е претставена како империја наследник на Византија (и Рим), како „Катехон“ и спасителка на светот во судирот со „Антихристот“.

И пред и по воената агресија на Русија врз Украина, рускиот империјалист Дугин експлицитно ги сатанизираше Украина и Западот, оцрнувајќи ги дури и САД како „Антихрист“. Дугин ја оправдуваше „спецoперацијата“ на Путин како битка со „ѓаволот“, како прекинување на врските со „ѓаволскиот“ Запад, како почеток на „последната битка на светлината и темнината, ние и тие, Евроазија и Атлантикот“.

Затоа, сосема беше очекувано Дугин најжестоко да го нападне отворањето на Олимписките игри во Париз како израз на „сатанизмот“ на Западот – „Западот е ѓаволот“, а СВО („специјалната воена операција“) е „војна со сатаната, со Западот, со Олимписките игри“, напиша Дугин. Притоа, милитантниот идеолог на рускиот империјализам не само што го проколна Западот, туку и повика на оружје за уништување на „оваа сатанска цивилизација“. Не станува збор тука само за непријателска пропаганда на некој осамен политички пророк. Тезите дека Русија е во војна со сатаната се официјални тези на руските лидери (како Медведев), а постојаните обвинувања за сатанизам се дел од воено-пропагандниот арсенал на РПЦ и руските пропагандисти во непријателски средини каде што има христијанско население.

Може ли да се дебатира со непријателска пропаганда која не враќа во средниот век?

Дали треба да се „дебатира“ на социјалните мрежи и во медиумите со лица кои шират руски и други антизападни пропагандни дезинформации дека Олимписките игри се форма на „сатанизам“?

Може ли да се дебатира со непријателска пропаганда која користи дезинформации за да оцрнува не само личности, спортисти и спортски манифестации, туку и цели народи и цивилизации како „ѓаволски“ и „сатанистички“?

Нема простор за никаква конструктивна дебата, кога едната страна користи говор на омраза и милитантно-пропагандни стратегии на оцрнување, демонизирање, сатанизирање на противникот, кој е веќе идентификуван и како „воен непријател“.

И новинар(к)ите треба да имаат вештини и капацитети да препознаат говор на омраза, дезинформации и милитантна пропаганда (во случајов, руска пропаганда која го злоупотребува православието за воено-политички цели), наместо да ги шират преку медиумите како „вести од социјалните мрежи“.

Новинар(к)ите и медиумите треба да се свесни не само за „сатанизацијата“ како пропагандна техника, туку и како историски феномен – кој предизвикал и многу „крстоносни“ војни, но и прогони против „еретици“, екскомуникации, анатеми, инквизиторски мачења, па и палења на „вештерки“ во еден мрачен историски период.

Извор: ИМА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.