САД повикуваат на континуирани напори и реформи неопходни да се постигне напредок во пристапот и полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ изјавија за Гласот на Америка на македонски јазик од прес-службата на Стејт департментот.
На прашањето дали Бугарија, со тоа што ја блокира Северна Македонија поради историски барања, ги загрозила интересите на САД и Западот во регионот, Стејт департментот вели:
Охрабруваме продолжување на дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, кој е вкоренет во заедничката заложба за иднината на Северна Македонија како полноправна членка во ЕУ“. Бугарија бара вклучување на Бугарите во Уставот како прелиминарен услов за почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ.