Зоран Иванов
Ѝ почна мандатот претседателски, го заврши говорот, матријахално ги мотивираше жените, ги охрабри демек способните и толку, за блокираните ЕУ интеграции од страна на нејзината матична патрија поддржувач ниту збор па, како почна, како инаугуративно се промовираше, ако вака предизборно продолжи, ако Калето и Брисел бргу не ѝ мавнат по две три заушки во стилот професорке доста беше фолирање, државата не е факултетска катедра, ако и оттаму ѝ премолчат, кажано во оваа една реченица, нашата љубена Татковина, нашата мила Македонија, ќе си продолжи и натаму партиско патриотски да си чмае и да си се препелка во сопствената немоќ само што, отсега натаму, препелкањето во сопствената ментална атрофија, ќе ни се случува онака – Гордо. Линк