Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сања Лукаревска: Европа и двете жени

0
By Marta Pesevska on June 18, 2023 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: САЊА ЛУКАРЕВСКА

Поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, во една прилика ќе изјави: „За да ја разберете Европа треба да сте генијалец. Или Французин“.
Обидувајќи се да ја разбереме и да ѝ се доближиме на Европа, ние добивме т.н. „француски предлог“. Та нели „мерси“ е исто и таму и до нас. Ама има и рок на траење. Наше е дали ќе го „фатиме“ рокот или не. И бидејќи не станува збор за испитна сесија, а не знаеме кога и под кои услови и дали воопшто ќе има поправен, верувам дека нема наивни ама нема да има ниту невини. Прашањата нема да се променат.
И бидејќи во светот, а и кај нас, како да исчезнува смислата за хумор, старите вицеви се вратија во мода. Па, се сетив на една добра стара шега – „Во рајот: готвачите се Французи, полицајците се Англичани, механичарите се Германци, љубовџиите се Италијанци, а банкарите се Швајцарци. Во пеколот, пак: готвачите се Англичани, полицајците се Германци, механичари се Французите, љубовџиите се Швајцарци, а банкари се Италијанци“.
Во овоземниот живот, во старите добри вицеви на брдовитиот Балкан, додека „бурето“ мируваше, сите имаа точни „професии“ и свои јунаци. Во Србија, мали Ѓокица; во Хрватска, мали Перица; во Босна, Мујо и Хасо; во Црна Гора, џетиќи; во Словенија, Јанез и во Македонија, Трпе. И во тие вицеви, Србите беа мераклии за храна и за шљивовица, а неретко и за мајтап со Хрватите. Хрватите им враќаа, но го имаа наше море. Босанците важеа за мераклии на добро кафе со 6 коцки шеќер и мајтап на сопствена сметка. Црногорците правеа само ако мора и ако не ги мрзи. А нас, Македонците, не сметаа најдобри за играње, пеење и за правење парастоси. Што се промени?
Словенија и Хрватска се членки на ЕУ. Србија ги почна преговорите, отвори поглавја и се „отвори“ Косово. Црна Гора ги продолжува преговорите, Босна е поблиску до нов Дејтон отколку до ЕУ. Ние ?
Пред неколку денови претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, меѓу другите мерки како да ѝ се помогне на домашната економија, предложи и „посебни таблици за службените возила“. Овој предлог го врати споменот кај повозрасните на црвените регистарски таблички на службените возила во поранешната заедничка СФРЈ кои биле укинати пред 50 години зашто се сметало дека свеста кај функционерите и кај директорите е на високо ниво. Би рекла, интересен предлог во интересно време.
Но, многу поважен е моменот за помагање на растот на извозот на домашната економија. Верувам дека никој, па ниту нашите стопанственици, не ја пропуштија веста за новиот план за Западен Балкан (Европа сега) која ја соопшти претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен: приближување до единствениот пазар на ЕУ, регионална економска интеграција, забрзување на фундаменталните реформи и стимулирање на економиите на ЗБ преку зголемување на пристапните фондови на Евопската унија. Во превод, преку економијата многу побргу граѓаните да го почувствуваат бенефитот од големиот заеднички пазар. Европа сега е всушност Европа дома. Или, да тргнеме едни кон други со забрзани чекори.
И конкретно, отворањето на овој огромен европски пазар не е за да ги „распродаваме“ националните интереси туку за да не ги продаваме сопствените имоти заради преселба во некоја од земјите на ЕУ. Зарем имавме поголем „Garage sale“ на македонските национални интереси од периодот од кој едвај се извлековме?! Нема да речам, се спасивме.
И во деновите кога повторно на најсилно проработеа националистичките „берзи“ и повторно се разгори пестицидната љубов кон Татковината за уништување на „штетниците“, во себе ја повторувам мислата на 26-от Американски претседател, Теодор Рузвелт : „Не е важен оној кој критикува, ниту тој што вперува прст во силниот човек кога тој се спрепнува, или оној што вели дека тој што создава можел и подобро да создаде. Заслугата му припаѓа на човекот кој е во арената, …. кој се залага за достојна цел, кој во најдобар случај го знае триумфот на високото достигнување и кој, во најлош случај, ако потфрли барем ќе потфрли додека дава сè од себе, за неговото место никогаш да не биде со тие ладни и плашливи души кои не познаваат ниту победа, ниту пораз“.
На 4 јули САД го одбележуваат Денот на независноста од Англичаните. Минатата недела Британскиот премиер насред Вашингтон ја повика Америка да ги зголеми своите инвестиции во Империјата. Да, зашто светските економисти предупредуваат дека не чекаат тешки времиња, дека ни доаѓа „Мајката на сите кризи“. Човекот за кој велат дека ја предвидел светската економска криза во 2008 г., Нуриел Рубини, сега вели дека комбинацијата од инфлација, вештачка интелигенција, климатски промени и реален ризик од Трета Светска војна, има глобално влијание. Затоа, смета тој, мора да научиме да живееме во состојба на подготвеност, а за позитивен исход потребна е глобална соработка и многу среќа. Нема шанса за уште една шанса.
Почнав и да завршам со Французите. Луј 14 од лично искуство рекол: „Побргу би можел да ја помирам цела Европа отколку две жени“. Штета што едната не му била од наш крај. Ќе имаше Луј достоен парастос.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.