Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: ДКСК да го испита спорното именувањето на Трпковска во АЕК

0
By Zoran Ivanov on November 16, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уште еден скандал на власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, уште едно скандалозно ухлебување и груба партизација на АЕК, вели денес на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска и додава дека сопственичката на фирмата што требаше да ја изгради спорната катна гаража кај Собранието, Анкица Трпковска, власта ја избра да биде член на Комисијата на АЕК (Агенцијата за електронски комуникации)  со надоместок од 2.700 евра месечно.

-Ухлебувањето на Трпковска е спорен од повеќе аспекти. Прво, власта спроведува брутална партизација АЕК, која треба да биде независно тело, и вдомува лица со лични и партиски релации со функционерите од актуелната власт. Трпковска се уште се води како сопственичка на компанијата што требаше да ја гради спорната катна гаража а избрана е во период кога се подготвува Закон со кој би требало да се обештети нејзината компанија. На нејзината фирма адвокат и беше Панче Тошковски.  Дали ова не е конфликт на интерес само по себе? Дали блиските релации на нејзиното најтесно семејство со Панче Тошковски се една од причините зошто е избрана Трпковска? Нема ништо независно. Второ, власта го прекршува Законот за електронски комуникации. Еве ја биографијата на Трпковска.  Навела дека пред неколку години завршила високо образование по јавна администрација и дека се стекнала и со магистер по правни науки. Што значи нема посебни познавања од областа на електронските комуникации.  Освен ако власта смета дека познавање од областа на електронските комуникации е користење Интернет и Ворд  како што самата  Трпковска напишала во биографијата. Во член 17 од Законот за електронски комуникации јасно се дефинирани условите, за да биде избран некој член на Комисијата на АЕК мора да има соодветно работно искуство во струката и цитирам ‘посебни знаење од областа на електронските комуникации, изјави Кузеска.

Таа вели дека тоа не е случај со Трпчковска и СДСМ изразува сомнеж дали таа воопшто ги исполнува условите и основните критериуми.

-Станува збор за целосно некомпетентен човек , без познавање на електронските комуникации, одноставно несоодветен за оваа позиција. ДПМНЕ и Мицкоски едно ветуваа пред изборите, сега друго прават. Не само во АЕК, партизацијата со некомпетентни луѓе ДПМНЕ спроведува и во Агенцијата за разузнавање, во МВР, по министерствата, институциите, насекаде. Нема. Со партизација  и ухлебување на блиски до власта Мицкоски и ДПМНЕ ги осакатува институциите. Или до ова дереџе е дојдена работата или мотивите се сите зделки на власта понатаму во делот на телекомуникациите да бидат под  партиска контрола на ДПМНЕ во АЕК. Бараме повлекување на ова одлука на Владата и мнозинството, а Државната комисија за спречување на корупција да отвори предмет по допрен глас, додаде Кузеска.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

ВЕСТИ October 2, 2025

Британскиот премиер Кир Стармер одлучи итно да се врати во Велика Британија откако доби информации…

Израел ја уапси Грета Тунберг

October 2, 2025

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

October 2, 2025

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.