Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ обвинува дека Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ ја загрозија македонската самобитност и идентитет, власта во одбраната ја вклучи Халеевата комета

0
By Zoran Ivanov on September 15, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според СДСМ, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ иницираа дипломатски скандал со кој допуштија Бугарија да ја понижи и да избрише под со државата и македонските граѓани.

Џабир Дерала

По  средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев на 13 септември, кога беа објавени фотографии без македонското знаме, се крена вистинска бура од реакции. Вистински политички ОК Корал, што во целост ја оправдува истоимената рубрика во ЦивилМедиа.

„Со оваа посета на Софија, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ ја загрозија македонската самобитност и македонски идентитет. За прв пат еден македонски државник се сретнал со друг државник без никакви државни обележја и ова е скандал без преседан. Ова е навреда и омаловажување на државата и нејзините граѓани“, изјави за јавноста портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според СДСМ, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ иницираа дипломатски скандал со кој допуштија Бугарија да ја понижи и да избрише под со државата и македонските граѓани.

„Ако ова е тоа што го може македонската дипломатија под водство на Мицкоски и Сиљановска, како тоа ќе преговараат подобри позиции во меѓусебните разговори? Сиљановска ли е таа која ќе ги води овие разговори или пак Муцунски кој остана нем и без реакција на дипломатскиот скандал кој ни се случи?“, се вели во соопштението на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ изгледа како да не се снаоѓа најдобро во оваа ситуација, наспроти агресивниот пропаганден апаратус со кој располага. Можеби затоа, во денешната реакција, на помош ја повикаа и Халеевата комета.

Шегата настрана, ВМРО-ДПМНЕ не покажува намера да прифати било каква одговорност за скандалот, туку возвраќа со обвинувања за „предавствата на СДС“, како што го нарекуваат СДСМ.

„Не е изненадување што СДС повторно се обидува да ја манипулира јавноста со лаги и полувистини. Веќе станува повеќе од јасно дека освен Халеевата комета константни се единствено предавствата на СДС. Кога се на власт оваа корумпирана клика ја продава државата, а кога се во опозиција, прават сѐ за да ги опструираат институциите и да ја кочат Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ објавена на партиската веб страница.

Меѓу другото, ВМРО-ДПМНЕ за себе тврди дека „стои цврсто зад националните интереси на Македонија и продолжува да ја води државата кон патот на достоинството и гордоста“, за на крајот да заклучи дека „ние ќе продолжиме да се бориме за Македонија, за нашето знаме, за нашиот народ и за нашата гордост – нешто што СДСМ очигледно одамна го заборави“.

Во краткото соопштение на партијата на власт, освен наводите дека СДСМ се предавници, а дека тие се борат за државата, знамето и гордоста – немаше објаснување за ситуацијата во која претседателката на Северна Македонија стои со својот бугарски домаќин пред две бугарски, а ниту едно македонско знаме.

Но има време, соопштенијата се редат, можеби ќе дојде и некое објаснување. Некогаш. Заедно со Халеевата комета или некое друго небеско тело.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.