Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ свртување во десно: Политички сојузништва што водат кон пропаст

0
By Marija Todorovska on September 4, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со оваа и вакви политички одлуки и позиции, СДСМ може само да продолжи со (рас)паѓање. На социјалдемократите требаше да им биде јасно што се случува, дури и да немаа еден Фатмир Битиќи во своите редови, висок партиски функционер, пратеник и екс-вицепремиер од првите редови на СДСМ. Тој не гласаше за интерпелацијата, а причините, засновани на вредносни принципи – не ги криеше. И може кој сака да го опише тоа како „солидаризирање“ по етничка основа, но тоа сигурно не е случај. Исто како и со потписникот на овие редови.

Џабир Дерала

Поддршката на СДСМ за иницијативата на Левица за интерпелација на претседателот на собранието Африм Гаши ја постави партијата повеќе десно и од ВМРО-ДПМНЕ и од ЗНАМ. Политичкото сојузништво со Левица е, најблаго речено, кусогледо. Но не само тоа. Било каква иницијатива на една ваква (ултра десна) Левица за еден било каков СДСМ треба да биде неприфатлива опција. За жал, ортачењето со Левица конечно ги (ре)дефинира македонските социјалдемократи како политички ентитет кој премногу лесно се откажува од вредностите и политиките што ги градеше во годините непосредно пред и по падот на режимот на Груевски. Треба ли да се спомне Шарената револуција тука? Претходно и Граѓаните доаѓаат?

И тоа не е сѐ.

Поддршка за национализам, исламофобија и антизападна ориентација

Едно од седумте образложенија на Левица во иницијативата за смена на Гаши е поврзана со наводна „повреда на правилата за употреба на државните инсигнии“. Според Левица „во пленарната сала, спротивно на Законот, нелегално стојат уште две други знамиња – на НАТО и ЕУ“.

Ако поради ништо друго, тогаш барем оваа отворена и целосно антизападна позиција требаше да биде повеќе од добра причина за откажување на поддршката.

Се разбира, под услов да прифатиме дека социјалдемократите решиле да се откажат од принципите на мултикултурализмот, еднаквоста и правичноста. Точно така, интерпелацијата не само што е националистичка, таа е и анти-ЕУ и анти-НАТО.

Што (не) добија новите сојузници Левица и СДСМ со оваа политичка одлука?

Да внесат раздор во владејачката коалиција врз грбот на Албанците е барем една од очигледните намери. Притоа, се чини дека целта е да се прикаже дека ВМРО-ДПМНЕ се предавници и штитат албански националист и исламски фундаменталист кој притоа се однесува како кабадаја и ги злоупотребува функцијата и државните ресурси. Таа цел сигурно не е постигната, а тешко може да се каже дека беа понудени и сериозни аргументи за било што друго. Барем не беа аргументи што може да се насочат кон претседателот на собранието. Јасно е каде може да се бара одговорноста за инцидентот со косовската претседателка и „сватовското патување“ на Гаши.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ донесоа политичка одлука, го заштитија својот главен партнер во власта, а нивното членство, со мали бранувања што нема да траат ни три дена, ќе остане дисциплинирано и верно, иако и понатаму нема помалку да ги мразат Албанците и муслиманите. За одлуката на ДУИ нема што многу да се каже – Ахмети е стар волк во политиката и во ниту една варијанта не можеше да се очекува ДУИ да ја поддржи иницијативата на Левица. Дури и ЗНАМ – тврдото националистичко крило на СДСМ – донесе политички одлука позрела отколку партиската матица.

Точна е оценката и на Гаши дека интерпелацијата е политички мотивирана и самиот текст е преполн со исламофобијата и албанофобија. Со тоа што испушти да каже дека образложението содржи и антизападни позиции. И навистина, барем половина од седумте точки на образложението на Левица се засновани на отворена националистичка и верска нетрпеливост. Плус, антизападни позиции. За тоа гласаше СДСМ? Really?

Политички опортунизам и лоши проценки

СДСМ нема да ги придобие етничките Македонци (ако тоа била целта), особено не оние што ѝ припаѓаат на тврдата националистичка маса на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту фашистите на Левица. Нема ниту да ја заштити партијата од понатамошно разградување.

Напротив, ако СДСМ се сврти кон национализмот, секогаш ќе има поатрактивни националистички партии, најмалку затоа што се на власт. Особено ако се има предвид логиката: Зошто да носам шангајки, ако можам All Star? Лоша проценка – дури и во контекст на политички опортунизам.

Со оваа и вакви политички одлуки и позиции, СДСМ може само да продолжи со (рас)паѓање. На социјалдемократите требаше да им биде јасно што се случува, дури и да немаа еден Фатмир Битиќи во своите редови, висок партиски функционер, пратеник и екс-вицепремиер од првите редови на СДСМ. Тој не гласаше за интерпелацијата, а причините, засновани на вредносни принципи – не ги криеше. И може кој сака да го опише тоа како „солидаризирање“ по етничка основа, но тоа сигурно не е случај. Исто како и со потписникот на овие редови.

Добитници и губитници

Најголем добитник во оваа кратка авантура на почетокот на најавената „жешка политичка есен“ е ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски ја зацврсти коалицијата и покажаа принципиелност. Барем пред меѓународната заедница, ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека не е (премногу) националистичка партија или барем дека не се палат на националистичките трикови на другите (си имаат тие свои). За политичките губитници доволно напишав, освен можеби дека изгледа како СДСМ да им се враќа на „вредностите“ што им беа блиски во неславните 90-ти (Битпазар ‘92, Тетовски универзитет ‘95, албанско знаме во Тетово и Гостивар, ‘97).

Сепак, најголемите губитници во оваа епизода се македонските граѓанки и граѓани, особено оние што ја гледаат својата иднина во Европа. За жал, на граѓан(к)ите можам да им предвидам нови и уште потешки порази и разочарувања веќе во блиска иднина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

ВЕСТИ October 16, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди на својата социјална мрежа Truth Social дека неговиот разговор со…

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

October 15, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.